Според една нова студија, оваа социјална мрежа ги прави луѓето најсреќни
Можете слободно да престанете да читате твитови на Твитер, да гледате објави на Фејсбук или да разгледувате фотографии на Инстаграм, бидејќи според една нова студија, ниту една од овие социјални мрежи нема да ве направи толку среќни како Снепчет. Според истражувачите од Универзитетот во Мичиген, кои истражувале 154 студенти и нивната употреба на смартфони, тие откриле дека најмногу наградената комуникација, веднаш зад онаа лице в лице, настанувала со помош на Снепчет.
„Многумина го доживуваат Снепчет како апликација за праќање секси фотографии“, вели Џозеф Бауер, водечкиот автор на оваа студија. „Но, ние откривме дека Снепчет најчесто се користи за спонтана комуникација помеѓу блиски пријатели на нов и најчесто пријатен начин.“
За оваа студија, која е прва од својот вид, Бауер и неговиот тим примениле техника наречена „примерок од искуство“, мерка која го објаснува моменталното однесување и размислување. Тоа вклучува испитување на студентите во текот на денот за како се чувствуваат користејќи ги социјалните мрежи со прашања како „Колку пријатна или непријатна беше неодамнешната интеракција?“ или „Во склоп на оваа интеракција, колку вашиот соговорник ви беше од поддршка?“
Истражувачите откриле дека интеракциите на Снепчет биле поврзани со попозитивни емоции отколку оние кои настануваат на Фејсбук и другите социјални мрежи, но исто така се доживувала и како помалку од поддршка од другите форми на комуникација, вклучувајќи го и Твитер, пораките или имејловите. Научниците веруваат дека сè е поврзано со автентичната природа на она што се испраќа на Снепчет.
„Откако Фејсбук се претвори во простор за споделување големи моменти како дипломирање, бебиња и родендени, Снепчет изгледа им овозможува на своите корисници уникатен простор за споделување мали моменти. Многу е лесно да се изгубите во стравот од пропуштање кој се создава од Фејсбук, но многу полесно можете да се поврзете со фотките од „незначајните“ нешта како седењето во паркиран автомобил и на тој начин се чувствувате повеќе сфатено“, вели Бауер.
Токму затоа слободно продолжете да ги правите бизарните фаци пред вашиот смартфон во јавност. Правете го тоа што ве прави среќни.