Спојте ги дланките и дознајте што ве чека во љубовта
Дланките се дел од нашето тело преку кои, според некои верувања, може да се прочита судбината на личноста и да се дознае нешто за нејзиниот карактер. Но, не мора да одите кај гатачки и претскажувачи на иднината за да ја дознаете вашата иднина. Имено, од една линија на дланката можете многу лесно да прочитате што ве очекува во љубовта и бракот.
Нашите дланки имаат три најдолги линии, а ако сакате да дознаете повеќе за вашиот карактер и љубовен живот, обрнете внимание на линијата која е прва под прстите и која соодветно се нарекува линија на бракот.
„Читањето“ од дланките ќе го совладате така што ќе ги отворите дланките и ќе ги споите една со друга. Потоа погледнете дали линиите на десната и левата рака се рамни или едната е подолу, а другата погоре. Во продолжение дознајте што открива положбата на линијата на бракот за вас и вашата љубовна иднина.
1. Линиите на двете дланки се рамни
Вие сте нежни, чувствителни, ја сакате рутината и ги избегнувате непланираните авантури. Најверојатно ќе стапите во брак со некој кој сите го сакаат и им е драг, па вашиот избор ќе биде одобрен од сите во вашиот живот, вклучувајќи ја и вашата фамилија.
2. Линијата на десната дланка е повисока од онаа на левата дланка
Најдобро се сложувате со постарите лица, па можно е да се венчате со некој кој е постар од вас. Добро го пресудувате карактерот на луѓето и ситуациите во кој се наоѓате, а што другите мислат за вас и не ви е толку важно. Вие дефинитивно не сте конзервативни и не ги следите општествените норми и стандарди. Го правите она што го сакате, а не она што другите го очекуваат од вас.
3. Линијата на левата дланка е повисока од онаа на десната дланка
Вие сте енергични и упорни, ги сакате предизвиците, па сакате и љубовната врска да ја исполните со страст. Во брак ќе стапите со некој кој сè уште студира или со личност од друга земја. Атрактивни сте и привлечни, бестрашни и сакате да ги истражувате неконвенционалните методи во сите аспекти на животот.