Спектакуларни ѕвездени експлозии
Суперновата е една од најмоќните ѕвездени експлозии. Таа е екстремно светла и предизвикува сноп од радијација која најчесто ја засенува целата галаксија. Потоа, во наредните неколку недели или месеци, нејзината светлина постепено се намалува.
За време на овој краток интервал, суперновата може да создаде онолку енергија колку што емитува сонцето во текот на целиот негов животен век. Со експлозијата се исфрлаат голем дел од ѕвездените материи со брзини и до 30.000 км/ч (околу 10% од брзината на светлината) и на тој начин се создава ударен бран кој формира обвивка од гасови и прашина околу ѕвездата. Погледнете ги наредниве неколку фотографии од најспектакуларните остатоци од супернова досега забележани.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.