Спектакуларен кристал кој личи на мини-аквариум
Кристалите и скапоцените камења се многу почитувани и колекционирани поради нивната физичка убавина и монетарна вредност, а овој опал погледнат низ зрак светлина, не е исклучок од тоа. Воодушевувачкиов скапоцен камен, како и повеќето опали, се карактеризира со спектар од бои, но она што го разликува од останатите, е неговиот спектакуларен визуелен ефект. Изгледа како подводен поглед кон дно на океан, кога се гледа низ светлина. Овој скапоцен камен поседува некој надреален квалитет и личи на некаков џебен аквариум.
Ова е всушност многу редок опал од Орегон, прикажан во сува состојба. Опалите се познати по тоа што ја менуваат бојата и степенот на (не)провидност, во зависност од тоа дали се мокри или суви. Кога ќе се потопи во вода, се зголемува и неговата основна боја станува екстремно бистра, но оваа состојба се менува за неколку недели, т.е. за периодот потребен за да се исуши. На прикажаниве фотографии од страна на веб-сајтот за препродажба и аукции Inna Gem, опалот е прикажан во својата сува состојба.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.