Создадена за секое годишно време: Избрана е бојата која ќе ја одбележи 2017-та година
Институтот за бои „Pantone“, открива која боја ќе биде хит во 2017-та година, како помеѓу дизајнерите на облека, така и во уредувањето на домот. Дизајнерите за мода и мебел во 2017-та година ќе ја избираат зелената боја, поточно нијансата со број 15-0343.
„Оваа боја е симбол за нови почетоци, свежа жолто-зелена нијанса која потсетува на првите пролетни денови кога природата оживува“, пишува во извештајот на овој институт. Оваа боја го илустрира цветењето и богатството на природата кое нѐ опкружува. Таа е симбол на виталност, а нѐ потсетува и на тоа дека треба да земеме длабок здив и да ги наполниме батериите. Се работи за многу флексибилна боја која ги надминува границите на пролетната сезона и која може да се комбинира на различни начини со неутрални, силни и пастелни бои, како и со понежни нијанси.