Совети за брак од 50-тите: Низ што ли не поминале нашите баби?
Колумната „Can This Marriage Be Saved?“ во списанието „Ladies’ Home Journal“ содржела приказни за вистински парови и сочни детали од нивниот брачен живот. Советите кои ги добивале жените во оваа колумна покажуваат низ што сè поминувале тие низ годините.
Силвија и Еверет, април, 1953 г.
Лекција: Женската „личност“ е виновник за брачните проблеми
Силвија се сомневала дека маж ѝ ја изневерувал. Сепак, советникот од списанието сметал дека таа е главен проблем во нивниот брак. Силвија се покажала како лабилна личност и се обидела неколку пати да си го одземе животот, после што се правдала дека на тој начин „само сакала да го заплаши Еверет“. Таа била советувана дека треба да го промени своето однесување и својот став кон сопругот, бидејќи „длабоко ја повредувала неговата машка гордост“. Советникот дошол до заклучок дека таа е „емотивно незрела колку дете на 4-5 години… И со тоа мажот го бркала од дома во баровите и во рацете на други жени.“
Луси и Ден, април, 1954 г.
Лекција: Што подолго во брак, толку повеќе треба да попушташ пред насилството
Луси планирала да го остави нејзиниот маж. Но, според советникот од списанието, таа го „игнорирала практичниот аспект на својата ситуација“. После 19 години таа одлучила да го заврши бракот во кој добивала сè, но и трпела насилство. Дури и повикала полиција за да се заштити. Но, советникот ѝ рекол дека „19 години брак се голема работа“, што значело дека Луси е врзана за својот насилен маж. Таа без маж била ништо, а советникот поминал и преку тоа што тој чувствувал ривалство кон сопствениот син, заради тоа што таа му давала повеќе внимание отколку нему.“
Алис и Ралф, февруари, 1953 г.
Лекција: Жените би требало да го читаат умот
„Ралф пет дена не сакаше да зборува со мене. Кога и да го прашав дали ме сака, само ја вртеше главата од мене. Јадеше без да каже ни збор, без коментар за она што сум го зготвила“, пишува читателката. Се покажало дека таа „го излудувала“ Ралф, па тој ја казнил со тишина од пет дена. „Готвејќи му скапи шницли и гушејќи го со претерани изливи на љубов, таа му нудела такво внимание какво што нејзе ѝ било потребно и какво што самата сакала.“ Алис сама требала да сфати дека помпезните вечери не се за нив во моменти кога тој има проблем да најде работа. Секако, тој би можел да најде канцелариска работа, но така „ би бил врзан за стол“, а нему „му е потребна слободата за да се чувствува како маж.“
Ејми и Џо, мај, 1953 г.
Лекција: Ако на својот маж не му посветите доволно внимание, тој има оправдана причина да ве изневери
За успехот на работата на Џо во голем дел била заслужна Ејми, како што зборувал нејзиниот маж. Откако ја изневерил, таа го замолила да си оди. „Не можев да прифатам неверство.“ Но, тие и понатаму продолжиле да работат заедно. Џо го молел советникот од списанието да ја убеди Ејми да му се врати. Советникот во оваа приказна жената ја гледал како ладнокрвна, а мажот како злоупотребена личност. „Секако, таа самата е во голем дел одговорна за неверството на Џо. Таа практично го навела да побара друштво од друга жена, бидејќи добивал мало внимание од дома“, напишал советникот.
Патрис и Џид, октомври, 1955 г.
Лекција: Никогаш не трудете се да имате сè
Патрис (36) работела вредно и била унапредена на работа. Прво сакала веднаш да му се јави на сопругот, но се сепнала кога сфатила дека тоа значи дека сега заработува повеќе од него. Советникот ја окривил нејзе заради начинот на кој ја водела „својата кариера, својот маж и своето дете“. Нејзината „кариера требала да биде на второ место, за да може да биде добра жена и мајка“ – барем вака сметал советникот од списанието.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
strasno