Совети од спиритуален медиум: Починатите сакаат да ги знаете овие 4 нешта!

Совети од спиритуален медиум: Починатите сакаат да ги знаете овие 4 нешта!

Според Џејмс Ван Праг, еден од најпознатите светски спиритуални медиуми, смртта е само илузија и душата никогаш не умира. Сите ние сме души кои имаме човечко искуство, а не обратно. Но, дури и со ова размислување, голема е болката кога блиска личност ќе го напушти овој свет. И покрај тоа што смртта различно влијае на сите, сепак постојат нешта кои можат барем малку да ви го олеснат справувањето со овој тежок период. Според Џејмс, оние кои ве напуштиле би сакале да ги знаете следниве 4 нешта…

Совети од спиритуален медиум: Починатите сакаат да ги знаете овие 4 нешта!

1. Дајте си време за да кажете збогум

Без разлика на вашата вера или култура, ритуалите кои ја следат смртта постојат со причина. Тие им помагаат на живите да ја прифатат загубата на физичката присутност на своите најмили со цел да можат да го преземат првиот чекор кон исцелување. Кога Џејмс се поврзува со душата на мртвите, особено со оние кои неодамна починале, тие му велат дека биле на својот погреб и дека го ценат гестот на оние кои дошле да се опростат. Тие би сакале да ви кажат дека и покрај тоа што не се физички присутни, сепак секогаш ќе бидат покрај вас.

2. Тагувањето е процес

Соочувањето со загубата на сакана личност може да биде долг и тежок пат. Вие мора да поминете кон сите емоции како негирањето, преговарањето, лутината, вината и тагата пред да пристигнете до фазата на прифаќање и разбирање. Токму затоа дајте си време додека поминувате низ овие чекори и движете се со ваше темпо. Дури и покрај тоа што можеби ќе се чувствувате како да немате контрола над своите емоции, со тек на време ќе најдете начин како да се справите.

3. Бидете свесни за своите емоции и побарајте помош ако ви е потребна

Немојте да го занемарувате фактот дека тагувате. Ова е една од најважните нешта кои вашите блиски би сакале да ви ги кажат. Без разлика колку ги потиснувате емоциите, тие со тек на време ќе најдат деструктивен начин да излезат на површина. Доколку не си дозволите да тагувате, има шанси да се препуштите на прејадување, претерано пиење, злоупотреба на дрога, насилство, депресија, па дури и мисли за самоубиство. Доколку почувствувате дека веќе сте влегле во некој вид деструктивно однесување, не се плашете да побарате помош и поддршка. Без разлика дали станува збор за пријател, роднина или психолог, секој од нив би можел да ви биде од непроценлива вредност во ваков момент.

4. Не заборавајте дека вашата сакана личност е среќна и дека сака и вие да бидете среќни

Духот на саканата личност која сте ја изгубиле ви праќа поддршка и љубов од другата страна, па токму затоа и вие би требало да го правите истото за него/неа. Џејмс вели дека една од најчестите реченици кои ги добива од починатите е: „Јас сум во ред, не патам и сакам моите најмили на Земјата да бидат среќни и да уживаат во животот.“ Па, доколку сте подготвени, дозволете си да продолжите понатаму и во целост да го искористите преостанатото време од вашиот живот. Вашата сакана личност е безбедна и секогаш ќе биде покрај вас.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар