Овој маж ги запишувал сите пати кога сопругата го одбила за секс и ѝ ја пратил листата кога отишла на пат
Бракот не е лесен и речиси секој има слушнато дека „бракот бара работа“. Штом ќе помине фазата на медениот месец, не е лесно да се одржи врска што ќе ве исполнува. Сепак, постојат одредени предупредувачки знаци кои покажуваат дека врската воопшто не е онаква каква што треба да биде.
Па, кои се овие знаци? Недостаток од романса или интимност? Или можеби листа со причини зошто сте одбивале да спиете со партнерот? Една жена решила да го сподели на социјалните мрежи имејлот што го добила од нејзиниот сопруг пред да оди на деловно патување.
Жената ја прикачила и листата што ја добила од сопругот.
- 03.06: „Гледам серија“ (реприза на „Пријатели“)
- 04.06: „Се чувствувам испотено и грозно, ми треба туширање“ (Не се истушира до следното утро)
- 06.06: (невербално)
- 09.06: „Преморена сум“
- 10.06: Секс
- 11.06: „Малку сум изморена од вчера“
- 12.06: (невербално)
- 13.06: Се обидувам да го гледам филмов“ (заспа по 15 минути)
- 16.06: „Премногу сум пијана и многу изедов“
- 18.06: „Нема да имам време да се истуширам и да се подготвам за вечера“ (пристигнавме 20 минути порано)
- 19.06: „Само што се вратив од теретана. Се чувствувам грозно“ (не се истушира до следното утро)
- 20.06: (невербално)
- 21.06: „Треба да станам рано.“
- 22.06: (невербално)
- 27.06: Секс
- 29.06: „Премногу си пијан“
- 30.06: „Се чувствувам грозно“
- 01.07: „Не се чувствувам добро, изедов премногу храна“
- 03.07: „Испотена сум и грозна, и изморена сум.“
- 04.07: (невербално)
- 05.07: „Мислам дека се разболувам“
- 06.07: „Уште не се чувствувам 100% во форма“
- 10.07: „Потребен ми е туш, се чувствувам грозно“
- 11.07: „Премногу сум изморена“
- 12.07: Секс
- 13.07: „Не“
- 14.07: (невербално)
- 16.07: „Ја чекам серијата, не сакам да испуштам ништо“
Објавата на жената брзо привлекла внимание, а луѓето реагирале различно. Некои воопшто не го поддржувале сопругот.
„Разведи се пред да имате деца.“
„Нели сакате кога луѓето ги нарекуваат ‘болест, замор и стрес’ изговори. Зошто не размислите за туѓите чувства за промена? Ако жена ви одбива да има секс 27 пати по ред бидејќи едвај ги држи очите отворени на крајот од денот, можеби е време да помогнете малку, зарем не?
„Бев во ситуација со моето момче кога се обидував да иницирам секс и често бев одбивана. Да, беше лошо и се чувствував како да не ме посакува. Но не направив листа и не му ја испратив пред да замине на една и пол недела, а потоа да одбивам да разговарам со него. Разговарав со него и по неколку разговори проблемите се решија.“
Други се обиделе да најдат решение на нивниот проблем.
„Еве што ќе направиш. Напиши сè што сакаш да му кажеш од твојот имејл од работа. Поради некоја причина тој одлучил да го користи како негов метод на комуникација, па одговори користејќи го него. Тој го кажал неговиот дел, сега ти треба да го кажеш твојот.
Во имејлот прифати ги неговите грижи и кажи му дека ти е жал што можеби си го повредила. Извинувањето за повредување нечии чувства НЕ Е преземање на вината. Едноставно покажуваш дека знаеш дека личноста чувствува болка.
Заврши го имејлот со нешто вакво: Сакам да разговараме за ова за да дојдеме до решение што ќе биде добро и за двајцата. Те сакам и сакам да бидеш среќен. Може да побарам една услуга? Зачувај што и да имаш да ми кажеш за кога ќе се вратам дома. Разбирам дека си под стрес и сакам да можам да направам повеќе. За жал, јас сум сред деловно патување. Те молам разбери дека не ги игнорирам твоите грижи. Ќе разговараме за ова и ќе се чувствуваш подобро за нашата ситуација. Само ми треба да разбереш дека не можам да го направам тоа додека не те видам во живо.“
А некои целосно го поддржале сопругот…
„Вие мислите дека ова е обид на сопругот да ја заведе жената? Ова е порака на маж кој е очаен и гневен. Маж кој се соочил со толку многу одбивања без причина што чувствува потреба да ги брои. Да речеме дека започнал да ги документира обидите за секс пред 7 недели. Кога мислите дека сексот се намалил? Претпоставувам неколку месеци претходно. Навистина не верувам дека ова било изненадно како што жената сака да веруваме.“
Кое е вашето мислење за ваквиот пристап на сопругот?