Соопштение до сите шефови: Зошто треба да им дозволувате на жените да дремнуваат на работа?

Соопштение до сите шефови: Зошто треба да им дозволувате на жените да дремнуваат на работа?

Доколку постојано се чувствувате ненаспани, науката е на ваша страна. Всушност, научно докажано е дека треба да имате време за дремка помеѓу работните состаноци. Добро прочитавте! Науката вели дека на жените треба да им биде дозволено да дремнуваат на работа.

Соопштение до сите шефови: Зошто треба да им дозволувате на жените да дремнуваат на работа?

Пред да продолжиме понатаму, да се потсетиме на моќта на дремките. Едно истражување од Универзитетот во Калифорнија го испитал начинот на кој извршуваме различни задачи во текот на денот и открило дека дремките се навистина корисни. Имено, дремките се исто толку корисни колку и целите ноќи поминати во спиење, доколку се доволно квалитетни. Тоа значи дека тие навистина можат да направат разлика, особено кога станува збор за вашата продуктивност на работното место.

Но, зошто токму жените имаат потреба од дремнување? Ова се причините зошто жените заслужуваат да дремнат кога ќе почувствуваат потреба за тоа…

На жените им треба повеќе сон од мажите

Ова е вистина од физичка гледна точка. Експертите објаснуваат дека за време на спиењето мозокот заздравува и се одмора. Но, на жените им треба повеќе сон од мажите, бидејќи тие постојано извршуваат повеќе задачи истовремено. Проценето е дека на жените им се потребни 20 минути повеќе спиење, но тоа зависи од човекот.

Распоредите на жените се многу постресни

Жените најчесто си го жртвуваат сонот и времето за одмор. Социологот Сузан Бјанки открила дека мајките кои работат се откажуваат од спиењето. Вработените мајки помалку спијат, бидејќи времето е ограничено и тие имаат многу помалку слободно време кое не вклучува чување на децата или извршување на домашните обврски. Најчесто долгите работни часови го скратуваат времето за одмор и релаксација. Да не го заборавиме и психичкиот товар што се јавува како последица на сето тоа. Извршувањето повеќе задачи одеднаш и емоционалниот притисок да се направат сите среќни и задоволни е нешто што многу ги исцрпува мајките.

Не е ни чудно тоа што жените страдаат од недостаток на сон. Па така, нареден пат кога ќе се почувствувате сонливи, најдете тивко место и дремнете. Ќе се разбудите посвежи и попродуктивни!

Во продолжение прочитајте зошто жените треба да спијат повеќе од мажите.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар