Претходно
Соочување со големиот страв
Аква е краток анимиран филм за стравот и неговото надминување. Главен лик е една мачка којашто ненадејно ќе се соочи со нејзиниот најголем страв – големо водено пространство. Таа ќе мора да најде начин да се соочи со себе и со стравот кој го чувствува, со цел да се избори за сопствениот опстанок.
Филмот е дело на Гинтс Зилбалодис, млад суперталентиран аниматор од Летонија. Има само 17 години, а на филмот работел повеќе од една година.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.