Соочете се со стравот од ајкула – заедно вечерајте суши :)
Внесете малку авантура во јадењето суши преку една од овие кул чинии на студентката по биологија Avigayil, чие хоби е изработка на керамички производи. Во овој случај таа ги споила двете животни пасии и изработила невообичаен, но навистина креативен производ. Од океанот на дното на чинијата излегува страшна ајкула со уста полна соја сос.
Штета што во моментот студентката има премногу нарачки и не прима нови. Но, ако сте љубители на суши, малку трпеливи и подготвени да платите повеќе од 70 долари, вашето уживање во оваа храна ќе биде многу поголемо и позабавно.
Ризикувајте и поделете го залакот суши со страшната ајкула. Обидете се да украдете и малку соја сос од нејзината уста. 😉
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.