Социјалните медиуми и самодовербата: Како да се ослободите од несигурноста?

Социјалните медиуми и самодовербата: Како да се ослободите од несигурноста?

Живееме во свет во кој често ја гледаме уредената верзија на животот на луѓето. Пријателите на Фејсбук изгледаат како постојано да ги споделуваат своите прекрасни моменти. Видеата на Јутјуб ги покажуваат неверојатните таленти на обичните луѓе и вистинските херои. Сето тоа е за восхит и за жал, исто така е и многу деморализирачко. Понекогаш ни е тешко да не се обидеме да се споредиме со другите, мислејќи дека нивните животи се совршени. А, што се однесува до нас, се чувствуваме како да не можеме да се вклопиме и тука лежи проблемот. Но, постојат начини да се надмине оваа состојба и да се ослободиме од ваквите чувства, кои вреди да се научат.

Социјалните медиуми и самодовербата: Како да се ослободите од несигурноста?

Клучот во избегнувањето на несигурностите е целосно да се разбере што значи тоа да се биде човек. Сите луѓе имаат и силни и слаби страни, и тоа треба да се цени. Сите се соочуваме со чувства на тага, повреда, осаменост и ред други ранливи емоции. Само затоа што луѓето не сакаат да ги истакнуваат своите патења не значи и дека тие не постојат. Набљудувајте ги тие околу вас и ќе сфатите дека не сте сами, и во оној момент кога ќе го сфатите тоа, сочувствувајте со себе.

Да се има сочувство за самите себеси не значи да си дадете дозвола да се откажете и да се прифатите себеси како инфериорни. Напротив, тоа значи препознавање на фактот дека вашите маки се разбирливо тешки и вие ги делите со другите. Значи да останете поврзани со една поголема смисла за самите себеси – онаа која ги вклучува вашите силни страни, таленти, интереси и вредности. Кога ќе обрнете внимание на оние делови од вашиот карактер кои ќе ги цените, природно ќе се чувствувате подобро во својата кожа. Ќе сакате да го правите она што е најдобро за вас.

Полека ќе се ослободувате од сите несигурности и ќе почнете да се огледувате на луѓето кои успешно ги пребродиле сите свои патења и недостатоци. Ќе ги користите како примери кои ќе ви помогнат да ги прифатите своите слабости и маани, паралелно фокусирајќи се на тоа што го правите добро. Помислете на Стивен Хокинг, Хелен Келер, Реј Чарлс или на кои било други личности од вашиот секојдневен живот кои ги сметате за херои. Кога ќе ја пренасочите енергијата и вашето внимание кон попозитивната перспектива ќе забележите многу моменти во кои сте ослободени од самокритичноста.

Но, ќе забележите и дека негативните мисли и чувства можат многу лесно да се вратат. Кога тоа ќе се случи, на вас е да одлучите како ќе реагирате. Можете да изберете да останете заглавени во старите навики или можете да изберете одново да се групирате и фокусирате. Наместо да пронаоѓате доказ за вашата инфериорност, изберете да се потсетите дека не сте сами – вие се соочувате со животот исто како што и секој друг човек на светот. Гледањето и разбирањето на вистината може да ви помогне да бидете посилни личности и да го кренете својот морал.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар