Собирајте што повеќе срценца: Водич за повеќе лајкови на Инстаграм!

Собирајте што повеќе срценца: Водич за повеќе лајкови на Инстаграм!

За сите оние коишто се активни на моментално најпопуларната социјална мрежа, Инстаграм, големиот број срценца претставува вистински предизвик. За тоа да се спроведе на дело, мора да се почитуваат одредени правила кои ги препорачуваат експертите за оваа социјална мрежа, а кои денес ние ви ги откриваме вам.

1-sobirajte-shto-povekje-srcenca-vodich-za-shto-povekje-lajkovi-na-instagram-www.kafepauza.mk_

1. Да, срценцата се поважни од коментарите

Иако и срценцата и коментарите на Инстаграм имаат своја важност, сепак срценцата се малку поважни од коментарите. Коментарите можат да бидат кул, но срценцата се оние кои ви носат поголема популарност на оваа социјална мрежа, па затоа подобро е да имате, на пример 1.000 срценца и „само“ 22 коментари.

2. Содржината е клучот

Доколку сакате да имате повеќе срценца на Инстаграм, содржината е клучот за вашиот успех. Едноставно, ако фотографијата не е добра, на никого нема да му биде грижа ниту пак ќе имате доволен број срценца. Затоа е многу важно да обрнете внимание на тоа што се наоѓа на вашата фотографија, на нејзиниот квалитет, но и на хаштаговите кои ќе ја направат пребарувана. Со други зборови, вашата фотографија треба да биде светла, кул и естетски потполно прифатлива.

3. Пронајдете инспирација на вистинското место

Многу е важно вашата инспирација да биде адекватна, па затоа немојте да ја барате само во светот на модата, туку побарајте ја и во другите области како што се музиката, уличната уметност, културата… Тоа важи и за фотографиите кои самите ќе ги фотографирате, но и за оние кои сте ги пронашле на други сајтови.

2-sobirajte-shto-povekje-srcenca-vodich-za-shto-povekje-lajkovi-na-instagram-www.kafepauza.mk_

4. Не го објавувајте она што сите други го објавуваат

Доколку сакате да имате што повеќе срценца на Инстаграм, никогаш не го објавувајте она што другите го објавуваат, бидејќи порано или подоцна луѓето ќе се заситат. Затоа секогаш трудете се она што го објавувате на оваа социјална мрежа да биде едноставно, и ако е возможно, дотогаш невидено.

5. Тагирајте ги брендовите и искористете ја предноста на нивните хаштагови

Доколку фотографирате модни постови, задолжително тагирајте го брендот што го носите и искористете ја предноста на хаштаговите кои овие брендови ги користат во својата кампања. Тоа е најдобар начин да го привлечете вниманието на себе и со самото тоа да привлечете луѓе и да довиете поголем број срценца.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар