Соба за истурање на бесот

Соба за истурање на бесот

Дона Александер од Текас дошла до оригинално решение за сите оние кои се полни со бес и се под голем стрес, а не сакаат да го истурат врз своите најблиски.

Дона во својата гаража направила „Соба на бесот“ во која што луѓето можат слободно да се опуштат и да искршат што ќе им дојде при рака. Иако идејата на почетокот делувала малку лудо, интересот за оваа услуга толку се зголемил, што таа после една година изнајмила огромен простор и отворила веб-сајт за резервирање термини.Соба за истурање на бесотСобите се уредени на најразличен начин, за корисникот да добие атмосфера која најмногу му одговара. Така корисниците можат да добијат канцеларија, дневна соба, кујна, гаража и така натаму. Секој предмет во просториите е вистински и е спремен за кршење.

За да влезете во една соба за истурање на бесот треба да платите 25 долари. За таа цена вие добивате заштитно одело и бејзбол или голф палка. Имате пет минути да бидете креативни и да демолирате колку што можете повеќе.

Ваквата услуга ја користат не само мажи туку и голем број жени, кои со исто толкав жар, снага и бес кршат телевизори, столици, фотелји и сè останато.

Иако посетителите на собите се воодушевени од овој вид антистрес терапија, сепак психолозите тврдат дека ова може да има негативни последици, бидејќи кај дел од луѓето агресивното однесување не води кон ослободување од стресот, туку напротив, до негова акумулација и дополнителна ескалација. Тие предлагаат истото да се стори со помош на старата добра бесплатна терапија – спортот.




Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар