Со текила во борба против дијабетесот и зголемената телесна тежина

Со текила во борба против дијабетесот и зголемената телесна тежина

Изгледа дека текилата прави многу повеќе од подобрување на вашето расположение. Според едно ново истражување, овој пијалак може да ви биде од голема корист кога станува збор за вашето здравје.

Со помош на текилата во борба против дијабетесот и зголемената телесна тежина

Според група истражувачи од Мексико, природните шеќери кои произлегуваат од растението агаве, наречено агавинс, завршиле одлична работа при заштитувањето на група глувци од дијабетес тип 2 и од покачување на телесната тежината.

Во новата студија, која била презентирана на годишниот настан „American Chemical Society (ACS)“, глувците биле поделени во 7 групи. Едната група добила диета со чиста вода, додека пак другите групи добивале вода со аспартам, глукоза, фруктоза, сукроза, агаве сируп или агавинс. Глувците кои конзумирале агавинс покажале намалено внесување на храна, намалување на телесната тежина како и намалување на нивото на глукоза во крвта. Бидејќи агавинсот не го подигнува шеќерот во крвта, истражувачите веруваат дека оваа состојка може да биде употребена и како алтернативен засладувач.

„Ние веруваме дека агавинсот има огромен потенцијал како диетален засладувач,“ вели Мерцедес Г. Лопез, истражувач од Гуанахуато, Мексико. „Станува збор за шеќери кои се лесно растворливи, со низок гликемичен индекс и неутрален вкус. Токму овие особини ја сместуваат оваа состојка на висока позиција кај дијабетичарите и луѓето со преголема телесна тежина.“

Алкохолниот пијалак текила е направен од сино агаве растение, кое се наоѓа во околината на градот Текила во Мексико. Но, исто така Лопез изјавила дека агавинсот не е толку широко достапен и не е толку сладок како останатите нормални шеќери.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар