Со проштално писмо сакал да провери дали жена му сè уште го сака. Реакцијата не ја очекувал!

Со проштално писмо сакал да провери дали жена му сè уште го сака. Реакцијата не ја очекувал!

Еден маж одлучил да провери дали неговата жена сè уште го сака, па ѝ напишал проштално писмо, во кое наводно ја остава. Го оставил писмото на масата и се скрил под креветот очекувајќи ја жена си дома.

1-so-proshtalno-pismo-sakal-da-proveri-dali-zhena-mu-se-ushte-go-saka-reakcijata-ne-ja-ochekuval-kafepauza.mk

Знаел дека постапува глупаво и детинесто, но морал да знае што чувствува жена му за него. Се надевал дека ќе го види нејзиното изненадено лице, ја замислувал како плаче, и како целата во паника им се јавува на нејзините пријателки.

Најпосле, кога неговата жена се вратила дома, го пронашла писмото и го прочитала. Го зела пенкалото и почнала да пишува нешто на самото писмо. Потоа се пресоблекла, потпевнувајќи некоја весела песна и играјќи во нејзиниот ритам.

10 Apr 2001 --- Happy woman writing --- Image by © Thomas Schweizer/CORBIS

Изгледало како да е среќна, а не вознемирена и тажна. Маж ѝ бил шокиран. Но, следувало нешто уште полошо. Жена му го зела телефонот и свртела некој број. Во кусиот разговор рекла:

„Здраво срце. Спремна сум, доаѓам наскоро. Што се однесува до будалава, конечно се ослободив од него, си замина. Не знам како воопшто сум можела да се омажам за него! Жал ми е што не сме се сретнале порано. Еве ме, идам.“

Ја прекинала врската и излегла од станот. Маж ѝ чул кога ја затворила влезната врата и сфатил дека отишла. Разочаран, фрустриран и со солзи во очите се извлекол од под креветот и го зел писмото да види што напишала.

Низ солзи прочитал:

„Ти ги гледам нозете како ти вират под креветот. Отидов во продавница по леб.“


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар