Со поглед кон морето: 5 најдобри места за возење велосипед во Европа

Со поглед кон морето: 5 најдобри места за возење велосипед во Европа

Величествената Мајорка, Златниот брег на Шпанија или Долината на солзите на Канарските Острови се само некои од местата каде што можете да почувствувате адреналин и ветер во косата, но и да се релаксирате на прекрасните плажи.

Со поглед кон морето: 5 најдобри места за возење велосипед во Европа

Мајорка

Одлично време за посета на Мајорка е пролетта, кога на најголемиот балеарски остров има доволно сончеви денови и гужвата не е премногу голема. Во последните десет години, Мајорка направи многу за велосипедистите, што ја донесе на врвот на листата на некои од најдобрите дестинации за велосипедизам во Европа. Села, овци, кози и магариња, поглед кон заливите и над ридовите на островот се само некои од знаменитостите што можете да ги доживеете на прекрасниот шпански остров.

Златен брег

Шпанија е рај за велосипедистите, а тоа го потврдува и Коста Даурада, 216 километри долг дел од брегот во северозападна Шпанија во Тарагона. Прекрасните песочни плажи јужно од Барселона се едни од главните адути на областа, секако покрај одличните патеки за велосипеди. Оваа област ќе ве пречека со пријатна клима, рамни патишта, но и искачувања (Сера де Монтсант, Мунтанис де Приорат, Мусара и Прадес). Повеќето од нив се пократки од 10 километри, со искачувања од 3% до 6%.

Француски рај за велосипедисти

Ница е синоним за велосипедизам повеќе од сто години. Со оглед на климата, културата, гастрономијата и крајбрежјето, не е тешко да се погоди зошто е идеална за одмор на две тркала. Јули и август обично е подобро да се прескокнат поради гужвата, но пандемиската година е исклучок. Некои од најдобрите рути одат од градското пристаниште до Антиб, особено ако угорнините не се проблем за вас. Северозападно е Паркот на природата Регионален д’р Азур, каде што можете да ги тестирате мускулите на искачување од 19 км (Кол де Венс). На исток ќе ги најдете брановидниот терен и крајбрежниот град Ментон, а понатаму на север е Кол де ла Мадоне (искачувањето по кое тренираше Ленс Армстронг за Тур де Франс, како и блискиот Кол де Браус).

Со поглед кон морето: 5 најдобри места за возење велосипед во Европа

Кипар

Во зима и есен, Кипар е мета на велосипедистите кои сакаат да ги откријат долгите патеки и убавини на островот. Медитеранскиот остров на мачки, сонце, прекрасни плажи и фантастична храна е место каде што културите и обичаите се преплетуваат. Во Кипар, работат напорно да ги охрабрат луѓето да ги заменат автомобилите со велосипеди и да ги намалат нивните јаглеродни траги. Со просечно 326 сончеви денови годишно, овој медитерански остров ќе направи лесно да се вљубите во него.

Канарските Острови

Исто како Кипар, Гран Канарија има постојано подобрување на угледот на велосипедизам во Европа. На само сто километри од северозападниот брег на Африка, Гран Канарија може да се пофали со приближно 3.000 часа сонце секоја година, што не е мала работа, особено во зима. Канарскиот Остров има сè што е потребно за да добиете форма: предизвикувачки искачувања, добри патишта, импресивни приморски патеки и длабоки кањони. Нема недостаток на хотели и други видови сместување, како и места за одлична храна. Пико де лас Нивес, врвот на Канарските Острови со своите 1949 метри, како и Долината на солзите – бруталното искачување со делови од 25% наклон се доволно стрмни за да ја тестираат формата.

Прочитајте и за ова шармантно село во Англија со уредни и шармантни куќички, поплочени улици, па дури и фарма за магариња.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Ужива кога патува и запознава различни култури, ги сака утринските прошетки во природа, многу чоколадо и кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар