Претходно
Со какви маки се соочуваат оние кои носат диоптриски очила?
Носењето очила со диоптер е нужна потреба, но со неа си доаѓа и неизбежна секојдневна рутина со која секој горд сопственик на „тегли“ може да се пофали дека ја почитува. Како составен дел од грижата за вашиот вид, во пакет ви доаѓаат и следниве „слатки маки“ низ кои секојдневно минувате:
Одењето на 3Д филм е ужасно искуство, бидејќи морате да носите уште едни очила врз вашите очила.
А и кога е сончево надвор и очајно ви е потребна сенка, треба да ја сторите истава работа.
Вашите очила постојано се замаглуваат…
Како на пример кога пиете топло кафе или чај…
Дури и кога јадете супа…
Или додека готвите.
Бакнувањето со очила може да биде чудно искуство.
Ништо не е поиритирачко од тоа кога очилата ќе ви се заплеткаат во косата.
Кога пак ќе ги изгубите очилата, не можете да ги најдете зошто НЕ ГЛЕДАТЕ БЕЗ ОЧИЛА.
Излегувањето надвор кога врне дожд едноставно ви го уништува денот.
Дури и откако убаво ќе ги исчистите, тие стануваат матни и зашлакани во рок од 5 минути.
Овој потег ви е апла влезен во рутина.
После извесен период од денот, сѐ што сакате да направите е да се ослободите накратко од нив.
Одењето во базен со очила е тотално губење време.
Кога ќе излезете од тушот проаѓа доста време додека се стабилизирате.
На вашите фотографии на очилата секогаш има некаков одблесок.
Носењето слушалки ви ги притиска рамките од очилата во черепот.
Потребно ви е многу време да ги навикнете.
Кога конечно ќе ги извадите очилата навечер тоа е тоа! Тоа е тешка одлука доколку штотуку сте гледале добар филм.
Но, некогаш се случува да заспиете со нив, при што ризикувате тотално да ги уништите.
Но, најлошо од сѐ е кога ќе ги згазнете вашите очила. Тоа е исто како да сте изгубиле еден ваш живот.
И покрај сите маки сте свесни дека носењето очила прави да изгледате интелигентно и секси. 😉
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
Idniot pat poseti nekoja optika pa rasprasaj se za poveke raboti. A ne da pisuvas naprazno.
Golem del od ova se nevistiniti.
Imam zabeleska samo vo toa deka nemora da znaci ako nekoj nosi ocila se slepi ne nemozat da gledaat bez niv…imaj barem malce pocit kon onie koi nosat ocila i se soglasuvam so Opticar GOOOLEEEeemmm del od ova se nevistini