Со каков прстен ве запросил и што кажува овој избор за него?

Со каков прстен ве запросил и што кажува овој избор за него?

Вереничкиот прстен за многу жени претставува важен детаљ, па одлуката за моделот е сфатена многу сериозно од страна на мажите. Прстенот што го одбележува почетокот на подготовката за судбоносното „да“ е прекрасен спомен и симбол на љубов за што секоја девојка сонува уште од најраното детство. Но, дали сте знаеле дека обликот, бојата и моделот на вереничкиот прстен може да го открие карактерот на вашиот партнер? Дознајте повеќе во продолжение…

Прстен од жолто злато – класичар

Вашиот вереник (или сопруг) сака класични и невпечатливи работи, па затоа и одбрал таков прстен. Класичарите се одликуваат со традиционален поглед кон машко-женските односи и сакаат да бидат поуспешни во кариерата од својата партнерка. Тој исто така се однесува добро со неа, стои на своите зборови и има добри манири. Класичарите се најчесто многу добри татковци.

Прстен со многу детали – авантурист

Прстенот од бело злато со многу детали е најчестиот избор на мажите што се одликуваат со авантуристички дух. Тие се секогаш спремни за акција, и во врските вложуваат многу од својата скоро неисцрпна енергија. Браковите со овие мажи се многу интензивни и страсни, но не очекувајте тој постојано да ви угодува. Авантуристите не се склони на романтика, но без сомнение никогаш нема да ви биде здодевно покрај нив.

Прстен со дијамант – перфекционист

Тој ве запросил со дијамантски прстен? Тоа значи само едно нешто – вашиот партнер е перфекционист и секогаш го бира најдоброто. Тој ништо не препушта на случајноста и сака сè да биде во најдобар ред. Освен што внимава на секој маж, тој исто така е и успешен во сè што прави, роден лидер е и ги инспирира сите што се наоѓаат во негова близина. Вие сте навистина среќни што сте со него.

Прстен со голем камен – шармер

Тој сигурно бил многу симпатичен и романтичен кога ви го поставил важното прашање. Шармерите се големи екстроверти, секогаш во центарот на сите забави, што воопшто не изненадува дека имаат неверојатно добра смисла за хумор – една од главните причини поради која сте го одбрале. Тој може да развесели секого и во секое време.

Скромен прстен – романтичар

Вие сте нашле неверојатен романтичар. Ако тој одлучил да ве запроси со скромен прстен, тоа значи дека е многу внимателен и се труди секогаш да биде тука за вас. Тој добро ги изразува своите емоции и секогаш прави да се чувствувате сакано. Подароците, изненадувањата и романтичните вечери покрај зајдисонце се нешто што ви е многу добро познато.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар