Со „голи“ слики во борба против злоупотреба на приватноста

Со „голи“ слики во борба против злоупотреба на приватноста

Велат дека што и да ни се случи во животот и колку и да е лошо, треба да се обидеме да го извлечеме максимумот од тоа и да го свртиме на најпозитивно што може. Токму тоа го направи Ема Холтен, активистка од Данска, откако пред три години нејзиното поранешно момче постави голи слики од неа на интернет. Иако за жал и веројатно голем процент од девојките во оваа ситуација би се засрамиле и би се повлекле чекајќи целата фама околу тоа да помине, Ема одбила да се срами од своето голо тело и го направила она што малку би го очекувале од неа.

(0)-so-goli-sliki-vo-borba-protiv-zloupotreba-na-privatnosta-kafepauza.mk

Таа решила да се избори со ова така што направила фотографии на кои позира топлес, но овој пат целосно по нејзин избор и со една единствена порака: Не постои сексуална, визуелна и прифатлива слика без мое одобрување. Без мое одобрување има само прекршок.

Фотографиите на кои Ема позира правејќи секојдневни работи се направени од фотографката Сесил Бодкер Џенсен, а со цел да ја претстават Ема како човечко суштество, а не како сексуален објект. По претходното појавување на нејзините голи слики на т.н.creepshotвеб сајт, таа добила многу навредувачки и лоши пораки од луѓе кои ги виделе тие фотографии. Дел од нив се следниве: Дали твоите родители знаат дека си ку*ва?; Дали те отпуштија од работа?; Која е приказната позади ова?; Кој ти го направи ова?; Испрати ми повеќе слики на кои си гола или ќе му ги пратам овие кои ги имам на твојот шеф.

(1)-so-goli-sliki-vo-borba-protiv-zloupotreba-na-privatnosta-kafepauza.mk

Холтен се надева дека со оваа фотосесија ќе успее да им помогне на многу жртви од овој тип да се отворат и да преземат нешто во врска со тоа што им се случило. Таа признава дека единствено поради огромната поддршка и разбирањето од нејзиниот шеф била во можност да ги направи овие фотографии, свесна дека и покрај тоа што многумина ја немаат таа поддршка, сепак ќе успеат да најдат начин да го кажат тоа што го имаат.

(2)-so-goli-sliki-vo-borba-protiv-zloupotreba-na-privatnosta-kafepauza.mk

 

„Им кажувам на жртвите: Во право сте, иако сте сами. Живеете во патријархална култура која тежнее да ве осуди поради личноста која сте и ТИЕ НЕ СЕ ВО ПРАВО, вие сте во право! Имавте право да се сликате или да направите видео, мажите кои ве контактираат се женомрзачки идиоти кои имаат за цел да ве растргнат само за да се чувствуваат подобро. Добрите луѓе веруваат дека сте во право, ние се бориме за вас.“

(3)-so-goli-sliki-vo-borba-protiv-zloupotreba-na-privatnosta-kafepauza.mk

За жал, многу луѓе се жртви на вакво прекршување на нивната интимност и приватност. Дури 10 проценти од бившите партнери се заканувале дека ќе објават интимни фотографии, а неверојатни 60 проценти од нив го направиле тоа. 90 проценти од овие жртви се жени. Активисти низ целиот свет се обидуваат да издејствуваат овој прекршок да биде казнив со закон, како што веќе е во 13 земји со САД. Ема Холтен се надева дека овие фотографии ќе придонесат во таа борба.

(4)-so-goli-sliki-vo-borba-protiv-zloupotreba-na-privatnosta-kafepauza.mk

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран електроинженер по телекомуникации кој во слободно време обожава да пишува. Животен сон ѝ е да го прошета целиот свет уживајќи во добра книга и пријатно друштво. Настојува од секоја ситуација да го извлече најдоброто и не може да замисли денот да ѝ започне без шолја вкусно кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар