Снаодлив орангутан се брише со мокра крпа за да се спаси од горештината
Орангутаните се познати како „шумски луѓе“, а откако ќе го погледнете видеото кое се наоѓа во продолжение, ќе ви стане јасно зошто го имаат добиено тој назив.Бришејќи се со мокра крпа, овој орангутан знае точно како да се справи со летните горештини. Интелигентното животно седејќи на тревата во зоолошка градина во Токио, прво си ја натопува крпата во базен, а потоа со рацете убаво ја цеди од водата, исто како што тоа го правиме ние луѓето. Допирајќи се со мократа крпа, орангутанот изгледа како да ужива во својата генијална идеја за разладување. За да биде уште поинтересно, до базенот доаѓа уште мало орангутанче кое сака да ја позајми мократа крпа. Откако орангутанот одбива да му ја даде на малиот мократа крпа, тој почнува да плиска вода по своето лице, користејќи ги рацете. Орангутанот ги воодушевил посетителите на јапонската зоолошка градина, а сега тој забавува илјадници љубители на животни ширум светот, откако стана голем хит на Јутјуб. Видеото е поставено пред една седмица, а веќе има над 300.000 гледања. Уживајте во мајмунскиот перформанс. 🙂
———————————————————————————————————————————————————————
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
So vakvi klipcinja lugje eden ton pari pravat…