Смешни работи во кои луѓето верувале додека биле деца
Се сеќавате ли дека додека бевте дете, кога целиот свет ви изгледаше премногу голем и неверојатен, вие верувавте во работите што ви ги кажувале другите или во тоа што сте го замислувале, а од кои денес малку се срамите? Децата може да веруваат во сè и сешто. Еден корисник на Редит го поставил прашањето: „Која е најглупавата работа во која верувавте како дете?“, а во продолжение прочитајте ги одговорите што ќе ве насмеат.
Хранење низ папокот
„Кога бев дете, мајка ми ми објасни дека сите луѓе имаат папок затоа што така мајките нè хранат сè додека не се родиме. Така, бев убедена дека кога жената е бремена, папокот ќе се отвори и ќе го ставите она што сакате да го јадете за да може и децата да јадат. Замислував како жените туркаат пилешките крилца во папокот, а бебињата како ги јадат. Она што ја прави оваа приказна посебна е тоа што денес работам во болница како акушерка.“
Посветеност на ТВ-актерите
„Мислев дека за секоја реприза, актерите треба да се вратат во студиото и сè да снимат повторно. Се сеќавам на една епизода од серија што ја гледав три или четири пати и бев фасцинирана од тоа што актерите секојпат идентично ги снимаа сите сцени.“
Снимките со смеење на хумористичните серии
„Бев убеден дека смеата што се слушна во хумористичните серии потекнува од луѓето кои истовремено ја гледаа серијата додека ја гледав и јас. Се сеќавам дека намерно се смеев гласно за да ги известам сите соседи дека ја разбрав шегата.“
Реклами за време на филмови и серии
„Мислев дека сериите и филмовите продолжуваат додека траат рекламите, така што секогаш се плашев да не пропуштам нешто важно за време на рекламите.“
Затвореници на училишниот систем
„Мислев дека наставниците спијат во училиштето.“
Навигација во автомобили
„Не знаев дека возачот вклучува трепкач, туку бев убедена дека тоа е начин на кој автомобилот им кажува на моите родители каде да свртат.“
Внимателен возач
„Мислев дека `не вози ако пиеш’ значи дека не треба да пиеш ништо, вклучувајќи и вода.“
Раѓање
„Играв со играчки додека мајка ми разговараше со некого по телефон. Во еден момент таа ја покри слушалка и ме праша дали сакам да имам деца. Размислив кратко и ѝ реков дека сакам син и ќерка, а потоа таа ѝ го кажа тоа на личноста со која разговараше. Со години бев убедена дека тоа е тоа и дека сум нарачала деца.“
Раѓање, втор дел
„Бев убеден дека децата што се наоѓаа во тестисите сами ќе излезат еден ден.“
Раѓање, трет дел
„Мислев дека полот на детето зависи од тоа кој родител се труди повеќе за време на сексот.“
Ескалатори
„Мислев дека ескалаторите се за еднократна употреба и се собираат во дупката под подот.“
Бројките на дресовите на спортистите
„Мислев дека бројот што го носи спортистот ја покажува неговата возраст. Кога татко ми ми покажа слика од Бејб Рут (познат бејзбол играч), мојата реакција беше: `Ова е многу голем тригодишник!’“
Омилена боја
„Брат ми ме увери дека секоја личност на светот треба да има само една омилена боја, па бидејќи неговата беше сина, морав да најдам друга. На првиот ден во градинка, наставникот нè праша која боја ни е омилена и бидејќи јас бев меѓу последните и сите убави бои веќе беа зафатени, едноставно почнав да плачам.“
Прочитајте ги и овие 20 смешни изјави што децата ги кажале гласно.