Смешни изјави за мачките кои ќе ви го подобрат расположението
Мачки… Толку слатки суштества на кои ретко кој може да им одолее. Нивната желба за игра, предизвиците кои ги ставаат пред вас, но и нивната самоувереност и храброст, нема да ве остават рамнодушни. Мачките се сметаат за супериорни животни кои ќе ви остават траен белег и ќе ги паметите засекогаш. Погледнете ги овие смешни изреки смислени за овие возвишени суштества!
1. Се ослободив од мојот сопруг. Мачката беше алергична на него.
2. Никогаш не хранете ја мачката со нешто што не одговара на вашиот тепих.
3. Сѐ што е на подот е играчка за мачките. А она што не е, ќе стане.
4. Мачките се како слатки колачиња. Никогаш не можете да имате само едно!
5. Мото на мачките: „Без разлика што сте направиле погрешно, секогаш обидете се да изгледа како кучето да го направило тоа“.
6. Мачките: Толку многу време на располагање, а толку малку работи за да се направат…
7. Мачки се водат според изреката: „Сакај ме, храни ме, никогаш не напуштај ме!“
8. Мачките се подобри од кој било порок. Тие не ве дебелеат, не се опасни, ниту скапи. Но, сепак предизвикуваат зависност!
9. Тие не се мои мисли. Мојата мачка оди по тастатурата!
10. За човек вистински да го разбере одбивањето, најпрво мора да биде игнориран од страна на една мачка.
11. Изјава на една мачка во врска со луѓето: „Луѓе. Немаат крзно, ниту шепи, ниту опашка. Тие бегаат од глувци. Никогаш не се наспиваат доволно. Како може да се сака такво апсурдно суштество?“
12. Кучињата имаат сопственици, мачките имаат слуги.
13. Зошто мачките не може да работат на компјутер? Затоа што ним глувчето најмногу им го привлекува вниманието.
14. Можете да ја научите мачката да прави сѐ што таа сака да прави.
15. Кучињата мислат дека се луѓе. Мачките мислат дека се богови.
16. Вие не ги поседувате мачките, тие се слободни суштества.
17. Луѓето кои не ги сакаат мачките, сигурно ја немаат запознаено вистинската!
Погледнете ги и овие фотографии од најзлобните мачки кои се спремни за освојување на светот!