Смешни детски новогодишни желби и пораки до Дедо Мраз

Смешни детски новогодишни желби и пораки до Дедо Мраз

Дали вашите желби ги ставивте на хартија и ги адресиравте до Дедо Мраз? 🙂 Најмладите веќе го сторија тоа. Еве дел од нивните искрени, слатки, смешни и навистина креативни писма:

Смешни новогодишни детски желби и пораки до Дедо Мраз

1. Ако одлучиш да ми подариш играчки на батерии, те молам донеси ми и батерии.

2. Мојата единствена и најголема желба е да бидам поубава од другарка ми Елена.

3. Дедо Мраз, те молам јави му се на татко ми. Тој ја има целата моја листа со новогодишни желби.

4. Сакам косата да ми стане долга метро и пол.

5. Моите другарчиња не веруваат во тебе. Те молам испрати ми фотографија со автограм за да им докажам дека навистина постоиш.

6. Кога ќе се пензионираш, може ли јас да бидам новиот Дедо Мраз?

7. Дали викаш хо, хо, хо, бидејќи не зборуваш други јазици?

8. Сакам  сите мои роднини и миленичиња да живеат вечно, ама не и лошите луѓе.

9. Ти благодарам за подароците минатата година. Оваа година сакам двојно повеќе.

10. Зошто Петар доби Плеј стејшн 2, а не јас. Мислиш дека е фер?

11. Дали минатата година дојде преку визбата? Може ли годинава да имаме шифра и таа да биде „чоколадна торта“ за да знам дека навистина подароците ги носиш ти. Не сакам тато да биде Дедо Мраз.

12. Сакам да имам 12 години до крајот на животот.

13. Може ли да го добијам твојот телефонски број и да се слушнеме кога ќе дојдеш? Сакам да го видам ирвасот Рудолф.

14. Може ли годинава да дојде Баба Мразица, многу се плашам од тебе. Извини Дедо Мраз.

15. Ти оставив колачи и млеко под елката, а пред вратата има моркови за Рудолф.

16. Сакам Спајдермен-костум. Сакам и други работи, ама не ми текнуваат во моментот. Ќе ти ги кажам подоцна, кога ќе се видиме.

17. Дедо Мраз, може ли да ми кажеш што правиш останатите 364 дена во годината? Дали можеби ги правиш играчките?


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Минималист ;)

Поврзани содржини

  1. Александар Христов Reply

    Здраво, јас сум Александар Христов те молам за Нова Година да ми донесеш АВИОНЧЕ СО ДАЛИНСКО ШТО ЛЕТА.
    Те молам Дедо Мраз

  2. ana Reply

    sakam mnogu podaroci

  3. Julija Reply

    Драг дедо мраз јас за нова година сакам кукла која ке плака,пие вода,моча и друго.

    • Анонимен Reply

      а да си купиш

Остави коментар