Смешни цитати за бракот во кои има голема вистина
Бракот е навистина комплициран. Потребно е да се вложи многу труд, да се има многу разбирање, додека паралелно да се одржуваат емоциите на љубов и страст со цел овој однос да има шанса за успех. Но, тој истовремено има и една забавна страна која ни покажува дека сепак вреди. Погледнете што имаат да кажат овие мислители за бракот…
„Четирите најважни зборови за успешен брак: ‘Ќе ги измијам садовите’.“ – Непознат автор
„Слободно венчајте се. Доколку ви се погоди добра жена, ќе станете среќни. Доколку ви се погоди лоша, ќе станете филозоф.“ – Сократ
„Обожавам да сум во брак. Баш е супер да ја најдете онаа посебна личност која сакате да ве нервира до крајот на вашиот живот.“ – Рита Раднер
„Мажите се женат со надеж дека жената никогаш нема да се промени. Жените се мажат со надеж дека мажот ќе се промени. Речиси секогаш и двете страни се разочарани.“ – Алберт Ајнштајн
„Сите мажи прават грешки, но оние во брак ги откриваат побрзо.“ – Ред Скелтон
„Тајната за среќен брак останува тајна.“ – Хенри Јангмен
„Проблемот со некои жени е што тие се возбудуваат за ништо – и потоа се венчаат со него.“ – Шер
„Љубов, именка. Привремено лудило кое се лечи со брак.“ – Амброуз Бирс
„Пред бракот, девојката треба да води љубов со момчето за да го задржи. По бракот, таа треба да го задржи за да води љубов со него.“ – Мерлин Монро
„За бракот да биде успешен, секоја жена и секој маж треба да имаат свој сопствен тоалет. Крај на приказната.“ – Кетрин Зета-Џонс
„Ако сакате вашата сопруга да ве слуша, тогаш зборувајте со друга жена. Таа целата ќе се претвори во уши.“ – Зигмунд Фројд
„Бракот е врска помеѓу личност која никогаш не ги помни годишнините и друга личност која никогаш не ги заборава.“ – Огден Неш
„Бракот е обид заеднички да ги решите проблемите кои воопшто не сте ги имале кога сте биле сами.“ – Еди Кентор
„Бракот не е само духовна заедница, тој исто така подразбира и дека треба да помните да го фрлите ѓубрето.“ – Браќата Џојс
„Држете ги очите широко отворени пред бракот и до половина подзатворени во него.“ – Бенџамин Френклин
„Мажите кои имаат обетка на увото се подобро подготвени за брак – тие искусиле болка и купиле накит.“ – Рита Раднер
„Најдобриот начин да ги натерате поголемиот дел од вашите партнери да направат нешто е доколку им сугерирате дека можеби се престари за тоа.“ – Ен Бенкрофт
„Кога имате бебе, љубовта е автоматска, кога се венчате, љубовта треба да биде заслужена.“ – Мери Озмонд
„Брак – книга во која првите глави се напишани со поезија, а останатите со проза.“ – Беверли Николс
„Сите бракови се среќни. Заедничкиот живот подоцна е она кое ги создава сите неволји.“ – Рејмонд Хал
„Грижете се за него. И правете да се чувствува важно. Ако правите така, ќе имате среќен и прекрасен брак. Исто како и секои 2 од 10 парови.“ – Нил Сајмон
„Многу луѓе поминуваат повеќе време во планирање на нивната свадба отколку во планирање на бракот.“ – Зиг Зиглар
„Мажењето е како купување нешто на што долго време сте се воодушевувале од излогот на продавницата. Може да ви се допаѓа кога ќе го донесете дома, но тоа секогаш не оди со сето останато во домот.“ – Џин Кер