Смелост, сочувство, хумор: Кој е вашиот бренд?

Смелост, сочувство, хумор: Кој е вашиот бренд?

Која е сликата што ја даваме за себеси и дали таа соодветствува со тоа што го перципираме како ефективност во работата и импактот кој сакаме да го постигнеме врз една целна публика? Постојат повеќе концепти во брендирањето. Еден е карактерот на брендот и неговите 5 димензии: Искреноста, возбудата, компетентноста, софистикацијата и јачината. Видот на карактерот кој нѐ привлекува кај другите се одредува од тоа што мислиме дека таа личност може да постигне за нас или што можеме да постигнеме заедно со неа. Тогаш веќе развиваме модел по кој постојано се водиме и ги бараме тие одредени карактерни црти.

Смелост, сочувство, хумор: Кој е вашиот бренд?

Друг концепт е употребувањето на бојата. Постојат истражувања кои покажуваат дека бојата може, но и не мора да предизвика конкретни емоции и тој избор за нашиот бренд функционира многу подобро кога е во согласност со карактерот. На пример, црната боја нема да изгледа толку возбудливо како што би изгледала црвената.

Но, да се вратиме назад на оние нешта што го сочинуваат вашиот бренд. Издвојуваме 5 од карактеристиките што се сметаат за најклучни во изградбата на една здрава и силна индивидуа:

  • Смелост: Бидете смели во именувањето и карактеризирањето на ситуацијата и не дозволувајте тешките разговори да ве обесхрабрат.
  • Можност: Не пропуштајте ја можноста да го зграпчите моментот, да направите нешто поинтересно и да бидете дел од нешто поголемо.
  • Сочувство: Имајте сочувство, бидејќи треба да се грижите за другите и да сакате да им ја дадете вашата поддршка.
  • Образование: Учете, бидејќи има толку многу нешта што треба да се знаат, а растот и развитокот се дел од она што ве дефинира.
  • Хумор: Шегувајте се, бидејќи животот би бил многу тежок и досаден ако не постоеше хуморот.

Со цел да имате бренд со кој ќе ги поврзете своите вредности, однесување и комуникација, треба да бидете конзистентни и да се обидете да го „живеете брендот“. Кога сте конзистентни, тогаш ќе добиете поголема доверба и ќе изгледате посилни.

Во светот на брендирањето, постои уште еден концепт кој се однесува на црвените и сините океани. Според Камерон и Холт, авторите на книгата „Културна стратегија“, црвените океани се однесуваат на оние пазари кои се исполнети со натпреварувачи и брендови кои прават клучни промени, а сините океани се оние брендови кои ги ценат футуристичките иновации и немаат директни натпреварувачи.

  • Сега на вас е редот. Кој е вашиот бренд?
  • Размислете за зборовите кои ви доаѓаат на памет кога треба да се опишете себеси.
  • Идентификувајте го однесувањето кое го имате што го поддржува тој избор на зборови.
  • Предложете им на вашите клиенти и колеги да го направат истото.
  • Запрашајте се дали брендот кој го имате најдобро ѝ служи на кариерата која сакате да ја имате.
  • Како можете да бидете син океан?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар