Случајно откриена нова теорија за Стоунхенџ

Случајно откриена нова теорија за Стоунхенџ

Автор: Маја Линкова

Многу археолози долго време тврдеа дека камењата Стоунехџ некогаш претставувале полн круг. Сега конечно се откриени докази кои се во прилог на оваа теорија.

sluchajno-otkriena-nova-teorija-za-stounhendzh-kafepauza.mk

Меѓутоа, до откривањето на вистината не дошле научниците, туку еден човек кој работи на одржувањето на Стоунхенџ и неговата околина.

Споменикот Стоунхенџ датира од неолитскиот период, се наоѓа во британскиот округ Вилтшир и се состои од огромни камења кои формираат нецелосен круг.

Работникот Тим Ду, пронашол траги на земјата каде што некогаш се наоѓалe огромни камења, со кои би бил комплетиран кругот.

Секое лето работниците ја поливаат тревата околу споменикот, но претходното лето немале доволно долго црево, па поради тоа не можеле да ја навадат целата трева. Додека Ду ја гледал тревата околу камењата, забележал дека на делови на земјата има израснато многу малку трева, токму на местото каде што кругот е прекинат.

„Стоев на патеката и ја гледав тревата во близина на камењата, размислував дека треба да набавиме долго црево за поливање за да можат овие делови одново да раззеленеат“, вели Ду.

Тогаш тој се сетил дека токму на тоа место претходно, археолозите барале и се обидувале да најдат траги од камења кои недостасувале.

„Се сеќавам дека археолозите безуспешно бараа нешто што би им укажало на тоа дека камењата се наоѓале на ова место. Го повикав колегата да го види истото, па решивме да се обратиме кај професионалците“, изјави Ду.

Сувата земја, онаму каде што работниците не успеале да ја навадат поради краткото црево, открила делови со многу малку трева. Веројатно претходно трагите не биле видливи бидејќи имало многу врнежи.

Археолозите направиле фотографии над Стоунхенџ и утврдиле дека многу од тие делови со соголена земја, се поклопуваат со местата на кои би се наоѓале камењата. Останатите делови се видливи на местата каде што уште во 1901 година биле направени ископувања, а тоа укажува на фактот дека не настанале сами по себе.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар