„Слободно крвавење“ – тренд што ги разбива табуата за менструацијата

„Слободно крвавење“ – тренд што ги разбива табуата за менструацијата

Терминот „слободно крвавење“ односно „free bleeding“, се однесува на жените што имаат менструација и одбиваат да носат хигиенски влошки или тампони. Овој тренд е сè почест во здравствените кругови, особено по лондонскиот маратон минатата година откако спортистката Киран Ганди крвавела додека трчала.

(1) slobodno-krvavenje-trend-shto-gi-razbiva-tabuata-za-menstruacijata-www.kafepauza.mk

Ганди, активистка што дипломирала на Харвард, објаснува зошто трчала без заштита:

„Тоа беше првиот пат ‘слободно да крвавам’. И не можам ни да ви објаснам колку ми беше удобно, никогаш порано не сум ни помислувала дека можам да се чувствувам така. Кога дојдов до целта сфатив дека тоа беше најдобрата одлука што некогаш сум ја донела.“

Во 17-от век, жените немале скоро никаква заштита за санирање на менструалното крвавење. Единствено побогатите жени користеле крпи за тоа, но претходно со милениуми се живеело без никакви „помагала“ за менструацијата. Некако со текот на времето оваа сосема природна и нормална појава станала „одвратна“ и односот кон неа во минатото целосно се заборавил.

Со можноста за менструални грчеви, надуеност и главоболка за време на менструацијата, менувањето влошки и тампони на неколку саати може да биде навистина напорно. Освен Ганди, и други жени се чувствуваат многу попријатно ако си дозволат „слободно да крвават“. Некои жени, како на пример една сосема обична девојка од Лос Анџелес, Марија, изјавила дека откако ќе се врати од работа, ги трга сите заштити од менструалното крвавење и само одбира црни гаќи со цел да може без пречки да крвави. Постојат и голем број блогерки што пишувале на оваа тема и тврдат дека тоа не ги прави мрзливи или нечисти, бидејќи и тие се активни и редовно ја перат својата облека.

Една просечна жена секоја година фрла околу 3 килограми женски хигиенски производи. Замислете колку е тоа на ниво на целата планета. Токму затоа и Ганди трчала „без заштита“ на минатогодишниот маратон и почнала да зборува погласно за заштита на околината. Таа вели:

„Женските тела никогаш не биле товар за Земјата, па затоа и не би требало ни да бидат ни производите што ги користиме за наша грижа.“

Со цел темата „слободно крвавење“ да излезе од категоријата табу, активистките тврдат дека мора што повеќе да се зборува за неа. Со тоа се согласуваат сè повеќе жени, па сè почесто можеме да видиме фотографии како онаа на Рупи Каур, што го поддржува овој тренд.

A post shared by rupi kaur (@rupikaur_) on

Поголемиот дел од вас сигурно ја зема здраво за готово достапноста на хигиенските влошки, но постојат голем број жени што немаат дом над главата или живеат во сиромаштија па не можат да си дозволат такви производи. Голем дел од младите девојки од истата причина и пропуштаат да одат на училиште или на работа. Важно е да се истакне и фактот дека 66% од жените во југоисточна Азија не ни знаат што е менструација додека прв пат не добијат бидејќи никој не зборува за тоа. Исто така, само 12% од жените во Индија користат производи како влошки или тампони. Во многу африкански земји жените користат гранчиња и стапчиња за да ја контролираат менструацијата, што често води кон инфекции и болести. Сè ова е под влијание на лошата репутација што ја стекнало нешто толку природно и сосема нормално за коешто дефинитивно треба многу повеќе да се зборува.

Прочитајте ги и овие 25 помалку познати факти за менструацијата што е добро да ги знаете!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

  1. Анонимен Reply

    mn e grozno i grdo za gledanje alooo

  2. super Reply

    abe seto to vo red, da ne frlame pari za vloski i b;a bla, ama trebit nekogas da se isperet carsafite, gakjite, pantolite…majko mu stara

Остави коментар