Сликата со голата Кејт Винслет од „Титаник“ на продажба
Филмот „Титаник“ засекогаш ќе остане запишан во историјата со златни букви поради неговите неоспорни успеси. Доколку паметите, тој беше номиниран во 14 категории на Оскарите одржани во 1998 година, а од нив победи во дури 11.
Една од незаборавните сцени во филмот е кога Џек Досон, чија улога ја толкуваше Леонардо Дикаприо, ја слика Роуз, која е тотално разголена и легната на софа, а на нејзе го носи дијамантскиот ѓердан наречен „Heart of the Ocean” (Срце на океанот). Сликата всушност ја има нацртано режисерот на филмот Џејмс Камерoн.
Таа ќе се најде на аукцијата, која ќе ја организира фирмата „Premiere Props“ кои се многу среќни и задоволни што парче од легендарниот филм ќе се појави на нивната манифестација. Тие очекуваат сликата да достигне цена од околу 16.000 американски долари.