Славните личности читаат злобни твитови посветени на нив
Голем број од познатите ѕвезди користат Твитер и некои твитерџии едноставно не можат да одолеат за да го искажат своето вистинско негативно мислење за нив. Токму затоа одвреме-навреме Џими Кимел издвојува дел од најинтересните злобни твитови и потоа им дава на самите славни личности да ги прочитаат пред камера. Тоа го прави за забава, но и за да ги потсети корисниците на оваа мрежа дека и ѕвездите се луѓе со чувства кои можат да бидат повредени.
Дел од учесниците во 7-то издание на „Celebrities Read Mean Tweets“ се Џулија Робертс, Ештон Кучер, Кортни Кокс, Енди Гарсија, Метју Меконахи, Ема Стоун и Софија Вергера чии реакции и коментари ќе ве насмеат до солзи.
Доколку ви се допадна ова видео, погледнете ги и претходните кои се исто толку забавни колку и најновото…
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.