Славни личности кои постигнале голем успех иако не ги слушале советите за слабеење
Природната убавина е воодушевувачка. Во светот на славните постојат многу личности кои се природно убави, додека некои од нив се изложуваат на секакви „корекции“ за да би го постигнале „совршениот изглед“. Секако дека и оние кои се благословени со природна убавина мора да се грижат за неа и да ја негуваат.
Кога ќе ги погледнеме Џенифер Лопез, Мисти Коупленд и Џенифер Лоренс тешко е да си замислиме дека нивните тела некогаш се разликувале од општите стандарди за убавина. Но, овие жени се потрудиле нивните карактеристики да ги претворат во нивна моќ докажувајќи дека не мора да се придржуваме на секој стандард за да се сакаме себеси и да бидеме успешни.
Да ги погледнеме славните личности кои морале да си ги одбранат правата да бидат свои и кои всушност успеале во тоа.
Џенифер Лопез
Џенифер Лопез е една од најуспешните пејачки. Таа е исто така позната танчарка и актерка. Има продадено над 75 милиони синглови ширум светот. Оваа година, Советот на модни дизајнери од Америка ја прогласија Џеј Ло за најмодерна жена на годината. Облините кои ги поседува телото на Џенифер навистина ѝ помогнале да стане познат моден бренд. Но, не било отсекогаш сè така беспрекорно. Во едно интервју, Лопез изјавила дека на почетокот на нејзината кариера имало многу луѓе кои нагласувале дека таа мора да изгуби неколку килограми. Но, таа не се грижела за мислењата на другите. Како што покажало времето, била потполно во право.
Амбер Тамблин
Амбер Тамблин е американска поетеса и актерка. Таа има улоги во повеќе филмови вклучувајќи ги „Прстенот“ (The Ring) и „Џанго разузданиот“ (Django Unchained) и ТВ сериите како „Доктор Хаус“ (House M.D.) и „Два и пол мажи“ (Two and a Half Men). Таа е самостојна и самоуверена жена. Но, некогаш нештата биле поинакви за неа. Во 2008-ма година, Амбер Тамблин била под притисок од нејзиниот агент од „Варнер Брос“. Таа го играла главниот лик во „Сестринството на патувачките пантолони“ (The Sisterhood of the Traveling Pants) и била наречена „млада ѕвезда во развој“. Нејзиниот посредник тогаш ѝ се јавил и ѝ честитал на успехот, но ѝ рекол и дека мора да ослаби. Оваа случка имала навистина лошо влијание врз нејзината самодоверба.
Денеска, Тамблин го поддржува #TimesUp движењето и се бори за женските права од најразлични сфери.
Мисти Коупленд
Мисти Коупленд е балерина која станала првата афро-американска прима балерина во Американскиот балет и театар. Таа е овоплотување на привлечност и елеганција. Како и да е, и балерините не се имуни на критики кои изјавуваат дека нивните тела се како „алатки“ кои мора да кореспондираат на традиционалните естетски одлики на балетот. На почетокот на нејзината кариера, Мисти била под притисок да ја изгуби тежината.
Под притисокот од професионалците, таа се соочувала со проблеми поврзани со нејзиното здравје. Сепак, успеала да ги надмине овие предизвици и да докаже дека ништо не може да го спречи вистинскиот талент. Во 2015, Мисти Коупленд се нашла на листата на 100-те највлијателни луѓе, според „Тајм“.
Ешли Бенсон
Ешли Бенсон е американска актерка, позната по нејзините улоги во „Деновите од нашите животи“ (Days of our Lives) и „Мали слатки лажливки“ (Pretty Little Liars). Покрај тоа што е малку ниска, најчесто била критикувана и дека „била премногу дебела за одредени улоги“. Ешли не се грижи за нејзината тежина и мисли дека личноста не мора да изгуби ниту еден килограм доколку смета дека не треба.
Ешли Грејам
Ешли Грејам е „плус сајз“ модел кој ги инспирира жените ширум светот за да веруваат во себеси. Таа работела со познати брендови како „Форд Моделс“, „Гламур“, „Левис“, „Лејн Брајант“, „Марина Риналди“ и „Additiion Elle“. Тешко е да се замисли дека оваа силна жена некогаш имала проблеми со нејзиното самопочитување.
Во детството, другите деца ја исмејувале, а нејзините родители секогаш ѝ кажувале дека е премногу „буцкаста“. Сите овие непожелни ситуации и недвосмислени сугестии допринеле Ешли да се издигне и да докаже дека светот на манекенството не е отворен само за слабите девојки.
Кели Кларксон
Кели Кларксон секогаш била склона кон дебелината. Откако ја родила нејзината ќерка и качила некој килограм повеќе се соочила со уште посурови критики на социјалните мрежи. Кларксон не дозволила овие мислења да влијаат врз нејзиниот живот и им одговорила на нејзините „хејтери“ дека живее во слободен свет и дека воопшто не ѝ е грижа што другите мислат за нејзината тежина.
Во 2018-ма година, Кели успеала да изгуби околу 20 килограми. Потоа била дијагностицирана со заболување на тироидната жлезда. Кларксон почнала да го насочува вниманието кон здравата храна, но изјавила дека не сака да вежба и дека никогаш нема да биде видена во теретана.
Џенифер Лоренс
Џенифер Лоренс едноставно го мрази зборот „полн“. Покрај многуте одлични филмови од кои била дел, таа не преферира ригорозни диети и идеални телесни облини. Во едно нејзино интервју, Џенифер истакнала дека кога жената има нормална тежина, таа е опишана како „жена со облини“ затоа што повеќето се навикнати да гледаат жени кои имаат помалку килограми од нормално. Таа смета дека на телевизија треба да биде илегално да се нарекува некој „дебел“.
Тајра Бенкс
Тајра Бенкс е познат модел, актерка, пејачка и ТВ водителка. Таа покажува голема самодоверба сега, но морала да се соочи со малтретирање од страна на мас-медиумите како и во светот на манекенството.
Сè уште ѝ е болно да се потсети на настанот кога списанијата објавиле нејзина слика со навредувачки наслов за нејзиното тело. Плус тоа, еднаш за време на настап во Милано, две шивачки ја нарекла „дебела“. Дури и модните дизајнери одбивале да работат со Тајра поради нејзините колкови.
Денеска, Бенкс се обидува да ги инспирира луѓето од сите возрасти и форми. За оваа цел направила фотосесија во костими за капење и тие фотографии ги посветила за оние кои секогаш слушале дека не се доволно добри поради нивната тежина, возраст, фризура итн.
Во едно од нејзините интервјуа, актерката Кери Фишер тврдела дека филмската индустрија единствено се грижела за тежината и за изгледот, и дека ништо не се променило во последните 38 години од нејзината кариера. Актерката ја критикувала опсесијата на Холивуд со изгледот и додала дека изреката „изгуби тежина“ е исто толку лесна како и да кажете „биди помлад“. Покрај сите правила од модната индустрија, сите овие славни личности успеале да постигнат голем успех и да станат прекрасни ѕвезди.
Дали и вие би се бореле за вашите права да бидете свои или би подлегнале на правилата кои ги наметнува општеството? Дали би ги следеле тековните или би создале нови модни трендови?
Прочитајте и за овие 10 прекрасни славни личности кои ги прифатиле нивните несовршености.
Автор: Наталија Наумовска