Слатките авантури на Оскар, кучето кое го прошета цел свет
Сте слушнале ли некогаш за куче, или воопшто за животно, кое го прошетало светот? Запознајте го Оскар, првото куче што го прошетало светот. Тој е мешавина од германски овчар, корги, кокер шпаниел и басет, а неговото потекло било откриено по пат на ДНК анализи.
Пред неколку години, односно во 2009 година, ова куче било спасено од Џоан Лефсон, која го земала од центарот за згрижување животни SPCA во Кејптаун, Јужна Африка. Од тој суден ден, па до денес, ова мало „момче“ шеташе низ целата Земјина планета, со цел да ја покрене свеста за постоењето на глобален проблем од 475 милиони бездомни кучиња, од кои повеќето завршиле во засолништа за животни.
Џоан го понела нејзиниот бушав пријател на некои од најпознатите дестинации во светот и направила фотографии со него, додека тој ѝ позирал пред Ајфеловата Кула во Париз, пред Статуата на слободата во Њујорк, пред пирамидите во Египет, пред Кинескиот ѕид, во Холивуд, па дури и на врвот на Мачу Пикчу во Перу. Пасошот на Оскар е полн со печати кои зборуваат за неговата светска аф-аф тура, преку која се сретнал со огромен број нации, за што повеќето од нас би можеле само да сонуваме.
За жал, Оскар имал несреќна судбина. На 11 јануари 2013 година, бил удрен од автомобил во Калифорнија и починал. Денес, во Кејптаун ќе се одржи комеморација во негова чест. Наспроти неговата прерана смрт, Оскар живеел исполнет живот и оставил белег во сите делови од светот, овозможувајќи им на луѓето да го видат чудесниот „втор“ живот на едно спасено куче.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
Ова е можеби најсреќното куче на светот 🙂
Најсреќно е можеби гледано од наш човечки аспект. Нели, секој човек би сакал да го прошета светот. Но, што знае едно куче за Ајфеловата кула, за Статуата на слободата итн?
Којзнае колку било среќно „влечејќи се“ по авиони, автомоболи и сл. за време на тие патувања.
Сепак, интересни фотки направила неговата сопственичка.
Prekrasno!Navistina mozebi kuceto ne znae ni za Ajfelovata
kula nitu pak za Statuata na slobodata ,no srekno e bidejki e sakano i uziva so svojata sopstvenicka sekade kade sto e taa.
Bravo za ljubitelite na zivotni!
ANETA