Слатки моменти меѓу познатите татковци и нивните деца
Светскиот ден на таткото се одбележува секоја година, во третата недела од месец јуни. Иако ние немаме голема традиција за овој ден, во Америка се посветува големо внимание на овој празник.
Па така, бројни познати личности го искористија овој ден за да споделат слатки моменти со своите деца кои покажуваат дека врската меѓу таткото и децата е навистина посебна.
Том Флечер
Том Флечер, познатиот јутјубер и музичар, има многу слатки моменти со синовите во јавноста. Еден од нив е споделен во видеото од бременоста на неговата сопруга со првиот син Баз, кога тој ѝ свири на гитара додека нејзиното стомаче расте. Тој и неговата сопруга Џована имаат три сина – Баз, Бади и Макс.
„Родителството е неверојатно. Во потполност ќе ви го промени животот на најневеројатен начин. Сите клишеа кои ги слушате за родителите се вистинити“ – вели тој.
Дејвид Бекам
Харпер Бекам не е ни свесна колку е, всушност, едно среќно девојче. Оваа седумгодишна убавица го има најпосветениот татко на светот, Дејвид Бекам. И покрај сите професионални ангажмани, тој секогаш одвојува време кое квалитетно го поминува со своите четири деца – Бруклин, Ромео, Круз и Харпер. Па така, Дејвид е тој кој ја научил Харпер како да вози велосипед, а веќе полека ја учи и на фудбалските правила.
„Харпер сака да игра фудбал и тоа ми е како бодеж во срце. Таа има малечок дрес и малечки копачки и така наоколу трча во дворот со своите браќа“ – вели нејзината мајка, Викторија Бекам.
View this post on Instagram
Принцот Хари
За принцот Хари оваа година е многу важна бидејќи за првпат стана татко. Неговата сопруга Меган Маркл се породи минатиот месец и на свет го донесе синот Арчи. Кралското семејство реши пред неколку дена за првпат да сподели фотографија од него. Зарем не е пресладок?
View this post on Instagram
Кристијано Роналдо
Фудбалерот Кристијано Роналдо е горд татко на четири децa.
Во јули 2010 година стана татко на Кристијано Роналдо Џуниор, роден од сурогат мајка чиј идентитет сѐ уште не е откриен. Во јуни, 2017 ги доби близнаците Ева и Мате, исто така, од сурогат мајка. Во ноември истата година, Кристијано Роналдо повторно стана родител, но овој пат со неговата девојка Џорџина Родригез ја доби ќерката Алана.
Иако го крие идентитетот на некои од мајките, децата никогаш не ги држел далеку од јавноста. Низ годините Роналдо сподели бројни слатки моменти со децата, а често ги носи со себе и на различни настани.
View this post on Instagram
Кање Вест
Кање Вест е татко на четири деца и ја обожава улогата на родител. Со сопругата Ким ги имаат ќерката Норт и синовите Сент и Чикаго, а годинава го добија и четвртото дете со помош на сурогат мајка, синот Псалм.
„Една од најважните работи кои можам да ги направам е да ги заштитам моите деца и нивната мајка“ – вели Кање Вест.
View this post on Instagram
Роби Вилијамс
Роби Вилијамс, пред да стане татко, се соочи со многу животни проблеми како што се борбата со депресијата и алкохолизмот. Но, откако стана родител, неговиот живот целосно се промени. Роби и неговата сопруга Ајда Филд во 2012 година ја добија ќерката Теодора Роуз, а во 2014 година го добија и синот Чарлтон Валентајн. Годинава по третпат станаа родители на ќерката Колет Џозефин, со помош на сурогат мајка.
„Кога ќе добиеш дете, тргнуваш по вистинскиот пат. Сега сум возрасна личност“ – вели Роби Вилијамс.
View this post on Instagram
Прочитајте ги и урнебесните цитати за татковството од познатите личности.