Слатка одмазда: Ја оставил жена му за помлада девојка, но овој потег му го засмрдил животот

Слатка одмазда: Ја оставил жена му за помлада девојка, но овој потег му го засмрдил животот

Разводите се тешки и многу емоционални. Ова особено е вистина ако причината за разводот е тоа што партнерот ве остава поради некој друг. Но, секогаш може да се извлече по нешто добро од лошото. Макар тоа било само слатка одмазда.

0-zhena-mu-se-odmazduva-na-bivshiot-soprug-i-negovata-nova-devojka-kafepauza.mk

После 37 години брак еден маж ја оставил жена му за неговата помлада секретарка. Неговата нова девојка барала тие да живеат во мултимилионерскиот дом во кој тој живеел со сега веќе бившата жена. Поради подобрите адвокати, ја добил парницата и на својата бивша сопруга ѝ дал 3 дена за да се отсели.

Првиот ден таа се пакувала. Вториот ден викнала служба за селење која ги однела нејзините работи. Третиот ден, за последен пат седнала на прекрасната трпезарија. Си запалила свеќи, пуштила тивка музика и си направила гозба со полнети ракчиња, тегла кавијар и шише квалитетно вино. Кога завршила, отишла во секоја соба и турила од ракчињата потопени во кавијар во длабнатините на сите корнизи од завесите. Потоа ја исчистила кујната и си заминала.

Кога тој и неговата нова девојка се вселиле, неколку дена сѐ било прекрасно. По некое време, куќата почнала да мириса. Тие се обиделе со сѐ – чистеле, метеле, ветрееле… Ги провериле вентилите случајно да не има некое умрено животно, ги однеле теписите на хемиско чистење, закачиле освежувачи за воздух и дури ги замениле скапите волнени теписи, но ништо не успевало.

Луѓето престанале да ги посетуваат, мајсторите одбивале да работат, слугинката дала отказ. На крајот, не можеле да ја издржат реата и решиле да се преселат. Месец дена подоцна, иако ја преполовиле цената, никако не успевале да најдат купувач за нивната смрдлива куќа. Муабетот се раширил и на крај дури и локалните агенти за недвижнини одбивале да им возвратат на повиците. На крајот, позајмиле голема сума пари од банката за да купат нов дом.

Бившата сопруга му се јавила на мажот и прашала како е. Тој ѝ раскажал за куќата, а таа културно слушала и рекла дека ѝ недостасува домот и дека е спремна да земе помалку пари од разводот во замена за куќата.

Знаејќи дека таа не знае колку е лош мирисот, тој се сложил на цена која била 1/10 од вредноста на куќата, но само под услов да ги потпишат документите истиот ден. Таа се согласила и веќе следниот час, неговите адвокати ѝ ја испратиле документацијата.

Една недела подоцна, мажот и неговата нова девојка гледале како службата за селидба пакува и носи сѐ во нивниот дом…

Вклучувајќи ги и корнизите.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Живее за добра книга и дише преку пишаниот збор. Кога би можела, цел живот би патувала, би читала и би гледала филмови. Вљубеник во фотографијата и класиката. Оптимист и поборник за љубов. Модата е нејзиниот начин да го изрази своето мислење и став. Животот за неа е уметност, филозофија и добра храна.

Поврзани содржини

Остави коментар