Скутер за под вода
Дали понекогаш посакувате да поминете подолго време под вода, восхитувајќи му се на растителниот и животинскиот свет? Секако тоа е возможно за оние кои знаат да нуркаат. Но, што да правите доколку не знаете, а сепак сте љубител на подводни авантури?„Hidrobob“ е скутер кој им овозможува на сите оние кои не се нуркачи, да уживаат во едно прекрасно искуство, доближувајќи му се на подводниот свет.Интересно е тоа што е многу лесен и едноставен за користење. Сѐ што треба е да ја ставите главата во балонската шуплина, да седнете и спремни сте за незаборавна лудорија. Дури не е потребно ниту да знаете да пливате. Скутерот овозможува поглед од 180 степени и со него лесно се маневрира. За жал на ваков скутер можете да се возите само во Флорида, а задоволството би ве чинело 25 американски долари за еден час.