Скриени правила на кармата: Тоа што одбивате да го прифатите, ќе стане уште поинтензивно!
Овие скриени правила на кармата се длабоко врежани во нашите души и срца, но често ги забораваме поради фокусот кон материјалното што ни го одвлекува вниманието од духовниот спокој. „Што си сеел, тоа ќе си жнееш.“ „Немој на другите да им го правиш она што не сакаш да ти го прават тебе.“ Тоа се само дел од основните правила по кои секој човек би требало да се води. Енергијата што ја испраќате кон универзумот, без разлика дали е позитивна или негативна, ќе ви биде возвратена на истиот начин. Имајќи го ова на ум, прочитајте дел од оние правила на кармата што не се толку широко распространети.
1. Вистинската радост доаѓа како резултат на напорната работа, трпението и жртвувањето.
2. Слободата доаѓа заедно со одговорноста.
3. Енергијата и љубовта што ја вложувате во вашата врска ќе ви биде возвратена. Можеби нема да ви биде возвратена од страна на личноста што ја љубите, но универзумот ќе најде начин да ве наради. Да не заборавиме дека и љубовта е награда сама по себе.
4. Ќе продолжите да патите сè додека не ја научите лекцијата што треба да ја извлечете од тоа патење.
5. Ако живеете во минатото или иднината, ќе ја пропуштите сегашноста.
6. Ако се врзувате за стари навики и размислувања, ќе се спречите да развиете нови и да напредувате.
7. Невоможно е истовремено да се чувствува и алчност и спокој.
8. Малите дела најчесто силно одекнуваат низ универзумот. Бидете свесни за тоа што го правите, дури и кога ви изгледа безначајно.
9. За да остварите нешто големо, најпрво мора да ги остварите и неговите најмали делови.
10. Ништо нема да се заврши само од себе, додека не почнете. Можеби првиот чекор е најмал, но тоа без сомнение е најважен.
11. Љубовта, енергијата, напорната работа и инспирацијата што ја давате на човештвото во целост ќе ви биде возвратена.
12. Ако сакате да растете, морате да бидете отворени за промена.
13. Учете од минатото и дајте сè од себе во сегашноста. Тоа ќе ви донесе светла иднина.
14. Само вие сте одговорни за својата среќа.
15. Кога некого го набљудувате како да е помалку вреден, ги покажувате своите недостатоци.
16. Тоа што одбивате да го прифатите, ќе стане уште поинтензивно.
17. Вашата награда ќе биде во размерите на вложениот труд.
18. Промената доаѓа однатре. Не можете да сметате на другите луѓе да ве поправат, само вие ја имате таа моќ.
19. Вие немате моќ да ги промените другите луѓе. Единствено можете себеси да се смените.
20. Надворешната промена почнува во внатрешноста.
Прочитајте и за овие 10 неверојатни приказни кои ќе ве натераат да верувате во карма!