Скратувањето на времето поминато на социјалните мрежи ги намалува осаменоста и депресијата
Барате начин да го подобрите вашето целокупно здравје? Едно ново истражување од Универзитетот во Пенсилванија покажало дека ограничувањето на времето поминато на социјалните мрежи на 30 минути дневно може да ви помогне да се ослободите од осаменоста и од депресијата.
Истражувањето е првото кое покажува последица, а не само поврзаност помеѓу социјалните мрежи и менталното здравје.
Совршените испитаници
За истражувањето, истражувачите собрале редовни корисници на социјалните мрежи – 143 студенти на возраст од 18 и 22 години. Студентите биле тестирани во период од два семестари. Првата група добила задача да го ограничи времето поминато на Фејсбук, Инстаграм и Снепчет на само 30 минути дневно. Втората група била контролна и продолжила со нормалното користење на социјалните мрежи.
Испитаниците пополниле прашалник со цел да се одреди нивното расположение и здравје на почетокот на истражувањето. Исто така испраќале и фотографии со кои им помагале на научниците да добијат основни податоци од социјалните мрежи. Истражувачите ги разгледувале податоците и одредувале седум нешта помеѓу кои биле страв од испуштање нешто важно, анксиозност, депресија и осаменост.
Краен резултат
Резултатите покажале дека користењето помалку социјални мрежи може значително да ги намали и депресијата и осаменоста. Овие ефекти биле особено нагласени кај луѓето кои биле подепресивни на почетокот на истражувањето.
Ова не значи дека треба целосно да се откажете од социјалните мрежи. Главниот истражувач, Мелиса Хант, најмногу го направила истражувањето со цел да покаже дека социјалните мрежи најверојатно се нереален гол. Ова е повеќе за луѓето да станат свесни колку е важно да го ограничат времето што го минуваат пред екран.
„Малку е иронично што намалувањето на активноста на социјалните мрежи всушност ве прави помалку осамени. Но во некоја од постоечката литература за социјалните мрежи се кажува дека овде се случува многу социјално споредување. Кога ги гледате туѓите животи, особено на Инстаграм, лесно е да заклучите дека животот на сите е многу поинтересен од вашиот“, изјавила Мелиса.
Како и кај повеќето истражувања, и овде постојат неколку ограничувања. Дали овие резултати би биле исти и кај други возрасни групи или во друго опкружување? Исто така, истражувањето ги вклучило само Фејсбук, Инстаграм и Снепчет со што е исклучено влијанието на другите социјални мрежи. Мелиса изјавила дека овие аспекти ќе бидат тема на идни истражувања.
Знаевте ли дека Инстаграм е најштетната апликација за вашето ментално здравје?