Скејтање со по еден скејтборд на секоја нога
Го сакате скејтбордингот, сноубордингот и сурфањето? Чувството на сите три спорта заедно ќе ви го овозможат револуционерните Фрилајн скејтс – скејтборди на две тркала кои се користат на двете нозе.Оваа физичка активност ќе им биде интересна на оние кои веќе се занимавале со некој од сродните спортови, посебно бидејќи постои варијанта од скејдбордите која е наменета за гриндање и скокање. Оние кои пак сакаат сега да започнат со спортот, имаат можност да изберат полесна верзија. Првите се поскапи и чинат 150 долари, додека вторите се 100 долари.Погледнете го видеото за да добиете чувство за она што го овозможуваат скејтбордите, а ако се загреете за оваа идеја за летово, добро разгледајте го официјалниот сајт. Меѓу другото, има и видеа за подучување.
———————————————————————————————————————————————————————
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.