Сите ние сме автоматски лажговци!

Сите ние сме автоматски лажговци!

Сите ние толку многу лажеме и толку многу пати сме биле излажани што воопшто не ги регистрираме секојдневните лаги како такви. Нормално дека обичната бела лага од учтивост не е смртен грев, но лажните зборови толку брзо излегуваат од нашите усни, што не ги ни препознаваме како лажни и тоа може да е знак дека треба да ја прошириме малку нашата свест. Во продолжение прочитајте ги најчестите лаги кои сигурно секојдневно ги кажувате, можеби дури и несвесно…

Сите ние сме автоматски лажговци!

1. „Секако дека се сеќавам на тебе.“

2. „Косата ти е супер!“

3. „Секако дека би сакал/а да видам слики од твоето бебе.“

4.Толку сум среќен/среќна за тебе!“

5. „Го заслужуваш тоа.“

6. „Не, не ми пречи.“

7. „Супер беше.“

8. „Ќе бидам добро.“

9. „Не си требал/а.“

10. „За една минута ќе биде готово.“

11. „Тргнувам натаму.“

12. „Те слушам.“

13. „Не беше намерно.“

14. „Овој пат ќе биде различно.“

15. „Не ни забележав.“

16. „Одвај се забележува.“

17. „Не, не изгледаш дебело.“

18. „На сите им се случува.“

Сите ние сме автоматски лажговци!

19. „Не те осудувам.“

20. „Никој не мисли ништо лошо за тебе.“

21. „Ќе зборуваме наскоро.“

22. „Ајде да одиме на кафе некогаш.“

23. „Секако дека можеме да останеме пријатели.“

24. „Сѐ ќе биде добро.“

25. „Заедно сме во ова.“

26. „Нема од што да се плашиш.“

27. „Ти си посебен/посебна.“

28. „Извини.“

29. „Нема да се повтори.“

30. „Ве молиме останете на линија. Вашиот повик е важен за нас.“

Секако дека учтивоста е доблест, но би требало да бидете повнимателни кога кажувате нешто што знаете дека не е вистина. Можеби вашата брутална искреност нема да им се допадне на сите, но на тој начин барем ќе откриете кои луѓе навистина ви требаат во вашиот живот. Најважно од сѐ е да знаете да процените кога е прифатливо да излажете, а кога не. Сепак треба да се биде тактичен во односите со другите луѓе и добро е ако можете да се прилагодите на туѓите карактери. Не можете со сите во секоја ситуација да се однесувате на ист начин.

Нормално дека оваа способност се развива со текот на годините благодарение на здобиеното искуство. Така што, откако ќе запознаете голем број различни луѓе, подобро ќе можете да процените кога е соодветно да кажете некоја од овие бели лаги, а кога навистина нема потреба од тоа.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар