Сите лица на Лас Вегас
Сместен среде пустина во Невада, Лас Вегас има идеална локација за човек да побегне од реалноста и рутината на секојдневието. Оној што тргнал накај градот на гревовите, таму ќе налета на микро свет составен од блескави неонски светла, величествени архитектонски градби, фонтани, барови, кабареа, музеи, трговски центри, ресторани и сè друго што посетителите би посакале да видат. И сето тоа е достапно 24 часа во денот, седум дена во неделата, 365 дена во годината.Една од главните причини зошто милиони туристи секоја година одат да трошат многу пари во Лас Вегас е угледот на светски коцкарски центар. Најдобрите казина се наоѓаат од двете страни на речиси седум километри долгиот булевар Лас Вегас Стрип. Ги има толку многу, што се приморани постојано да измислуваат нови начини на привлекување гости. Казиното – хотел Bellagio ги импресионира гостите со преубави фонтани, ботанички градини и галерија. Treasure Island приредува шоу со сирени и пирати, а на листата атракции на Mirage се наоѓаат вештачки вулкан, фонтани, базен каде што гостите можат да уживаат топлес и огромен аквариум. Caesars Palace, пак, се обидува да привлече гости преку илузионистички шоуа. Исто така, во сите нив славниот Cirque du Soleille има свое шоу.Ноќниот живот, покрај казината, нуди и голем број реасторани, од лускузни па сè до фаст фуд ресторани, ноќни клубови, стриптиз барови, концерти, настапи на многу познати пејачи итн.Лас Вегас важи и за град на кичот поради многуте репродукции на познати локации од повеќе светски градови. Овде може да налетате на Статуата на слободата, на Алјфеловата кула, пирамиди, па дури и да се повозите со гондола во импровизираната Венеција.Градот честопати е домаќин на големи спортски настани. НБА тимовите овде редовно одржуваат летни кампови, има трки со автомобили, натпревари во родео и, секако, овде се одржува светското првенство во покер. Интересна атракција е можноста самите да се повозите во автомобилот за кој отсекогаш сте сонувале, што спаѓа во понудата на една компанија. Бесните модели на Ферари, Ламборгини, Јагуар, БМВ и многу други ви се на располагање за одредена сума пари. Ваше е само да го стартувате моторот и да возите на патеката како што ви душа сака.И покрај изобилството од хедонистички предизвици, Лас Вегас има по нешто и за оние кои сакаат поинаков тип на одмор. Ним на располагање им се атракции од типот на музејот за атомско тестирање, фабрика за чоколадо, галерии, ботанички и зоолошки градини итн., а љубителите на природата можат накратко да излезат од градот и да уживаат во спектакуларната природа на Дивиот запад.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.