Сите круни на британското кралско семејство

Сите круни на британското кралско семејство

Најпознатата и највредната круна во британската монархија е државната кралска круна. Составена е од многу скапоцени камења, меѓу кои е и еден од најретките дијаманти – „Втората ѕвезда на Африка“. Сите круни на британското кралско семејствоСпоред кралската колекција, државната кралска круна брои повеќе од 3.000 скапоцени камења. Кралицата беше крунисана со оваа круна од страна на надбискупот од Кантербери на специјална церемонија во јуни 1953 година. Сите круни на британското кралско семејствоГолемата тијара со смарагди била изработена во текот на 80-тите години на 19-тиот век. Кралицата Елизабета Втора е сопственик на тијарата која ѝ припаѓала на нејзината баба, кралицата Мери, која пак, ја купила пред 90 години. Пред тоа, тијарата со смарагди била дел од колекцијата на големата војвотка Владимир, тетката на рускиот цар Николај Втори. Сите круни на британското кралско семејствоТијарата е направена од испреплетени кругови во кои се наоѓаат смарагди, кои лесно може да се извадат и да се заменат со бисери. Сите круни на британското кралско семејствоТијарата на семејството Спенсер ѝ припаѓаше на принцезата Дајана. Принцезата од Велс ја носеше оваа тијара на нејзината венчавка, на 29 јули 1981. Сите круни на британското кралско семејствоВикторијанската тијара со сафири е подарок за кралицата Елизабета од нејзиниот татко, кралот Џорџ Шести, кој ѝ ја подарил на својата ќерка во 1947 година, заедно со обетки и ѓердан, исто така изработени од сафири. Кралицата го носеше овој сет во 1994 година, на 50-годишнината од Денот Д. Сите круни на британското кралско семејствоБразилската аквамарин тијара беше специјално изработена за кралицата Елизабета, откако народот во Бразил ѝ подари на кралицата ѓердан и обетки изработени од аквамарин, по повод нејзиното крунисување во 1953 година. Сите круни на британското кралско семејство„Делхи Дурбар“ тијарата била изработена во 1911 година за кралицата Мери, бабата на кралицата Елизабета. Оваа тијара сега ѝ припаѓа на Камила, војвотката од Корнвол, која за првпат ја покажа во јавност во октомври, 2005 година. Тијарата се состои од дијаманти вметнати во злато и потоа поставени во платина. Сите круни на британското кралско семејствоТијарата со рубини од Бурма го добила своето име според народот од Бурма, кој во 1947 година на кралицата Елизабета ѝ подарил 96 рубини како свадбен подарок. Кралицата побарала рубините да се искористат на тијара која била изработена дури во 1973 година. Сите круни на британското кралско семејствоТијарата „Љубовен јазол“ била изработена во 1914 година по желба на кралицата Мери. Оваа тијара за првпат беше прикажана во јавноста од страна на принцезата Дајана, која ја добила тијарата како свадбен подарок. По смртта на Дајана, во 1997 година, тијарата „Љубовен јазол“ ѝ беше вратена на кралицата Елизабета. Сите круни на британското кралско семејствоДијадемата од кралот Џорџ IV, чиј сопственик е кралицата Елизабета, може да се види како лого на монетите и поштенските марки во земјите од Комонвелтот. На самата дијадема се наоѓаат амблемите на Англија, Шкотска и Ирска. Според кралската колекција, оваа дијадема се состои од 1.333 дијаманти. Сите круни на британското кралско семејствоТијарата „Кокошник“, која денес ѝ припаѓа на кралицата Елизабета, порано била сопственост на кралицата Александра, која ја добила оваа тијара во 1888 година, како подарок за сребрената свадба. Сите круни на британското кралско семејствоТијарата од девојките од Велика Британија и Ирска ја добила кралицата Елизабета, како свадбен подарок од нејзината мајка, кралицата Мери. Во тоа време, Велика Британија сè уште закрепнувала од Втората светска војна, па Елизабета морала да собира купони за облека за да ја купи својата венчаница. Заради кризата, кралицата Мери, која ја добила оваа тијара како подарок за нејзината свадба, подоцна ѝ ја подарила истата тијара на својата ќерка. Сите круни на британското кралско семејство


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот

Поврзани содржини

Остави коментар