Сините очи не се навистина сини?

Сините очи не се навистина сини?

Сината боја во природа не е многу популарна. Покрај необичните пердуви на некои видови птици, цветови и можеби по некоја ретка риба во океанот, живиот свет со природно сина боја е повеќе од редок, па некогаш може и ни се чини чудно тоа што некои луѓе имаат сини очи.

Сините очи не се навистина сини?

Според „IFLScience“, сините очи воопшто не содржат син пигмент. Нивната боја е всушност предизвикана од Тиндаловиот ефект – распрснување на светлина врз колоидните честички, феномен што може да се согледа кога зрак светлината влегува во темна просторија низ некоја дупка.

Шареницата или ирисот, т.е. обоениот дел од окото, се состои од два слоја на клетки: строми на површината и епителните клетки под нив. Кај сините очи, стромите формираат проѕирен слој и поради генетската мутација, не содржат пигмент. Кога светлината ги погодува стромите, таа ги распрснува светлосните бранови, а сината боја патува преку најкратките бранови, поради што и најмногу се одразува и е најмногу видлива. Ова е, исто така, причината зошто истите сини очи може да бидат посветли или потемни во одредени периоди – нивната боја зависи од квалитетот на светлината во просторијата.

Сините очи не се навистина сини?

Стромите во кафени очи содржат високи нивоа на меланин, црно-кафеав пигмент, што значи дека кафеавата боја едноставно се одразува наназад. Во сивите очи, постои слична појава како и кај сините, освен тоа што стромите во овој случај содржат повеќе колаген. Овој слој ги прави помалку транспарентни и ги заситува сините нијанси. Кај зелените очи, Тиндаловиот ефект, исто така, се појавува, но стромите содржат ниски концентрации на меланин, што ги прави потемни.

Кога гледате во чисто небо, исто така, се појавува син ефект заради начинот на кој светлината се распрснува. Овој ефект е познат и како Рејлиево распрснување, и иако е во голема мера слично на Тиндаловиот ефект, тоа се разликува по тоа што честичките што распрснуваат светлина се далеку пократки од брановата должина на светлината.

Сината боја во сините очи од научниците е наречена „структурно обојување“, наспроти „пигментното обојување“ кај очите во други бои. Всушност, кога гледаме сина боја во природата, тоа е главно поради структурното обојување, на пример чуден сино-зелен сјај.

Многу птици со сина боја, исто така, немаат сини пердуви: тие се сини само заради наноканалите во структурата на пердувите што ги менува нивните светлосни-рефлективни својства. Овој ефект го „преземале“ дури и некои видови бобинки.

Можеби сакате да дознаете и неколку занимливости за плацебо ефектот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар