Сината планета Уран
Уран е третата по големина планета, која е оддалечена од Сонцето два пати повеќе од нејзиниот сосед Сатурн. Има светлосина боја, нема никакви структури и има редок систем од прстени и многу месечини.Планетата е наведната на едната страна, па затоа гледана од Земјата изгледа дека Месечината и планетите ја опкружуваат од горе до долу. Уран е првата планета која е откриена со телескоп, но за неа се знаеше многу малку сè до мисијата на вселенското летало Војаџер 2 во 1986 година.
Орбита
На Уран му се потребни 84 земјени години да направи еден круг околу Сонцето. Ротацијата на оваа планета е спротивна од ротацијата на другите планети. Но Уран не бил отсекогаш таков како што е денес. Неговата странична положба, веројатно, е последица од судир со тело големо колку планета, веднаш по создавањето на Уран.Поради закосената положба на планетата, еден од нејзините пола во текот на 21 година е целосно изложен на светлина од Сонцето, додека другиот пол е во целосен мрак. Северниот пол на Уран ќе биде насочен кон Сонцето дури во 2030 година. Јачината на сончевата светлина која ја добива Уран е 0.25% од таа што стигнува на Земјата.
Структура и атмосфера
Уран е голема планета. На него можат да се сместат 4 Земји, меѓутоа материјалот од кој се состои е многу поредок од тој на Земјата. Тој главно се состои од вода, метан и парчиња мраз од амонијак. Се смета дека електричните струи во ледениот слој создаваат магнетно поле, кое е поместено од оската на вртење на Уран за 58.6 степени. Сината боја на Уран произлегува од тоа што облаците од замрзнат метан ги впиваат црвени бранови должини на сончевата светлина во студената атмосфера на планетата.Температурата на најгорниот слој облаци е околу -214. Оваа исклучителна планета зрачи исто толку енергија колку што прима од Сонцето, па затоа нема услови за нејзино затоплување.
.
Прстени и месечини
Кога станува збор за прстени на планети, прво нешто што ни паѓа на памет е Сатурн, меѓутоа и Уран, Нептун и Јупитер ги поседуваат истите. Уран има 11 прстени кои се на оддалеченост од 25.600 км од планетата. Тие се толку многу одвоени еден од друг и толку се тесни што системот има повеќе празнини одколку прстени. Прстените се составени од честички од прав и темни парчиња од материјал богат со јаглерод.
Сината планета има 27 месечини кои се наречени според ликовите од драмите на Шекспир. Месечините се поделени во 3 групи, но најпознати од нив се: Корделија, Офелија, Пак, Миранда, Ариел, Титанија и др.
———————————————————————————————————————————————————————
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.