Син рај што ги збунува научниците: Уникатен феномен за кој никој не ја знае причината
Не е изненадувачки што многумина ја нарекуваат културата и геологијата на Патагонија драматична и им препорачуваат на сите да ја видат во живо.
Од огнениот Буенос Аирес до езерски округ во Чиле, завеаните планини, зелените водопади кои паѓаат над црни карпи формирани по ерупција на лава, чистите езера, вулканите, шумите и глечерите, се само некои од атракциите што ве очекуваат. Една од најубавите сцени во Патагонија е зачудувачкиот глечер Перито Морено.
Неверојатната количина мраз опкружена со бесконечна шума привлекува огромен број туристи кои сакаат да го видат ова чудо. Перито Морено е еден од најголемите извори на вода за пиење. Огромни блокови од сино-бел мраз се уриваат во езерото Аргентино на секои две до четири години, предизвикувајќи силен удар и неверојатни бранови на површината на езерото, правејќи ја сцената незаборавна.
Драматичното шоу го гледаат оние кои имаат најголема среќа, а претставата започнува во март. Перито Морено е единствениот глечер кој расте, не се намалува како другите, но научниците сè уште не знаат што го предизвикува тоа.
Погледнете ги овие 5 опасни чуда на природата што секој треба да ги посети.