Син бисер: Езеро кое зазема дури една шестина од територијата на државата во која се наоѓа!
Дали некогаш сте слушнале за „синиот бисер на Ерменија“? Станува збор за езерото Севан кое е едно од најголемите езера во Евроазија, со површина од 5.000 квадратни километри или една шестина од територијата на Ерменија. Се „храни“ со дури 28 реки и извори, а самото езеро ја снабдува целата земја со 90 проценти од вкупниот рибен улов.
Поради својата големина, самото езеро е прогласено за национално богатство на земјата, скапоцен камен и едно од трите големи „мориња“ на историска Ерменија.
Една од најубавите и секако најфотографираните атракции е средновековниот манастир Севанаванк од 9 век кој се наоѓа во близина на езерото. Сместен на врвот на мал рид, манастирот нуди прекрасна глетка кон езерото, но и кон околните планини. Овде се наоѓа уште еден познат манастир, Хајраванк.
Бидејќи овие места се преполни со туристи, особено во средината на сезоната, доколку сакате да ги избегнете гужвите, ве советуваме да отидете на помирната страна на Севанското Езеро. На пример, на Wishup Shote, каде што има ресторан и кафуле, но атмосферата е многу порелаксирана, а овде можете да изнајмите и колиби за ноќевање.
Секако, најпопуларните активности на Севанското Езеро се активностите на вода: пливање, сурфање, сончање, пловење… И на крајот од сето тоа, опуштете се со добар ручек и локална пастрмка која можете да ја пробате во безброј варијанти: пржена, на скара, варена…
Најдобро време за посета на езерото е летото. Бидејќи ова место се наоѓа на голема надморска височина, летата овде се пријатни и свежи.
Откако прочитавте за езерото Севан во Ерменија, можеби ќе сакате да прочитате и за најстарото езеро во светот.
Извор: punkufer.dnevnik.hr