Симбол на вечна младост: Зошто некои луѓе имаат дупчиња на образите?
Околу 20% луѓе во светот имаат дупчиња на образите. Мора да се признае дека тие навистина изгледаат слатко, па дури и сексапилно. Дупчињата на образите честопати се сметаат за симбол на вечна младост, што не е воопшто чудно со оглед на фактот дека луѓето кои ги имаат навистина изгледаат помладо. Во некои култури се верува дека дупчињата на образите носат успех и среќа.
Кај некои луѓе овие симпатични дупчиња постојано се гледаат на лицето, а кај некои само кога ќе се насмеат. Се случува и тоа луѓето да имаат само едно дупче на едната страна од лицето. Но, зошто едни луѓе ги имаат, а други не?
Овие дупчиња настануваат како последица од недостаток на мускулни влакна, односно недоволно развиени мускули, кои со текот на времето можат да се пополнат и да исчезнат. На пример, децата многу често имаат дупчиња на образите, но кога ќе пораснат тие едноставно исчезнуваат. Истото важи и за дупчињата на брадата, кои се наследни. Доколку еден од родителите ги има, постои веројатност од 25 до 50% дека ќе се појават и кај детето. Доколку тие се присутни и кај двата родитела, веројатноста е уште поголема и изнесува 50 до 100%.
Во секој случај, не постои сомнеж дека дупчињата на образите се неодоливи и даваат младолик, невин и привлечен изглед на лицето.