Силвер и Зорка засекогаш – пони коњчиња кои стапија во брак
Машкото шетландско пони Силвер и женката Зорка, биле дотерани како младоженец и невеста во руската зоолошка градина Ројев Ручеј, во сибирскиот град Краснојарск, на 14 февруари. Вработените во зоолошката градина ја организирале венчавката на овие две неодоливи пони коњчиња, за да го обележат Денот на вљубените.
На фотографиите можеме да забележиме дека сведоци на нивната љубов, се двете камили. 🙂
Што можеме да речеме друго освен: „Честито свадба коњчиња! Бидете среќни до крајот на вашите животи!“
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.