Сигурно ќе се препознаете: 11 видови луѓе во карантин и нивните смешни описи
Поминаа многу денови од затворањето на кафулињата, на рестораните и на другите места за дружење, а со моменталната состојба излегоа на површина некои нови особини кај луѓето. Луѓето за кои мислевте дека знаете сè или луѓето за кои мислевте дека се сосема различни, сега станаа нешто сосема ново. Сега, околу вас има луѓе кои знаат сè, паничари, мајстори, оние кои не престануваат да чистат, оние кои неуморно работат, оние кои го користат времето во карантин за да откријат некои сосема нови таленти итн. Во продолжение прочитајте кои се најчестите видови луѓе во карантин, па можеби ќе препознаете барем едно лице од вашето опкружување, а можеби ќе се препознаете и вие самите.
1. Доверливи информации
Сигурно познавате личност чиј кум на сестрата на тетката има пријател чиј пријател е на многу висока позиција. Таа прва ги дознава информациите и ги споделува само со вас затоа што ви посакува добро.
2. Шири паника
Сè е теорија на заговор. Ситуацијата е секогаш полоша отколку што изгледа и таа е онаа личност што ќе ве освести. Можеби сето тоа е виртуелна реалност и вие веќе сте зомби на кое му ја избришале меморијата.
3. Шири љубов
Испраќа виртуелни прегратки. Вибрира на фреквенцијата на среќата. Оваа личности би го прегрнала и самиот вирус затоа што мора да му недостасува љубов, па затоа е лош. Не обвинувајте ја. Ако не шири љубов, фрла оган.
4. Опседнат со забави
Оваа личност присилно ги поканува пријателите да пијат сами дома и да се забавуваат. Но, во живо. Викањето погласно од музиката, наздравувањето преку камера и дотерувањето се неизбежни.
5. Шеф на кујна
Вистинско време да се фотографираат сите дневни оброци. Ако е добро расположена, оваа личност ќе ви го даде и рецептот бесплатно. Деновиве, „мајсторите“ споделуваат рецепт за леб. Измешајте брашно, вода и сол. Испечете во рерна. Фотографирате, додајте неколку ефекти и ете го најубавиот леб.
6. „Хејтер“
Тој го користи своето слободно време, што и инаку го има во изобилство, за истражување што не чини кај другите. Најквалитетните примери можете да ги најдете на Твитер.
7. Мрзливец
Тие се покажаа како херои. Додека другите се бунат дека се затворени, мрзливите луѓе уживаат. Можеби не се ни свесни што се случува затоа што не сакаат да гледаат вести.
8. Чистопатна
Кваките се дезинфицираат веднаш штом ќе се допрат, прозорците се исчистени веќе петпати, сè е дезинфицирано. Проблемот е во тоа што работите не се валкаат и наскоро ќе нема што да се чисти. Но, можеби една бања со асепсол ќе го намали стресот. А, вие се грижите таму за некое брашно.
9. Хобихоличар
Сето ова добро му дојде. Конечно има време за сите свои хобија. Не размислува да ги претвори во бизнис затоа што тоа не е хоби ако некој ве плати за тоа што сакате да го правите.
10. Вежбач
Може да го извадите од теретана, но не можете да ја извадите теретаната од него. Очекувајте многу пот, совети и протеинска исхрана.
11. Хипоходрик
Тој има корона трипати на ден. Другите заболувања чекаат трпеливо бидејќи ова се петте минути на короната.
Прочитајте како се однесува секој хороскопски знак додека е во изолација.