Си легнувате доцна и оставате хаос зад себе? Постои голема веројатност дека сте високо интелигентни!

Си легнувате доцна и оставате хаос зад себе? Постои голема веројатност дека сте високо интелигентни!

Доколку целото ваше детство постојано ве карале поради хаосот и нередот во вашата соба, сте воделе војна со вашите родители кога се обидувале да ве натераат да си легнете порано и подоцна сте сфатиле дека понекогаш пцовките се најдобриот избор на зборови, имаме добри вести за вас! Според некои експерти тоа значи дека вие сте всушност многу интелигентна личност. Нивното објаснување е следново…

Си легнувате доцна и оставате хаос зад себе? Постои голема веројатност дека сте високо интелигентни!

Паметните луѓе понекогаш користат погрдни зборови

Општото мислење е дека необразованите луѓе во секојдневниот говор користат многу погрдни зборови затоа што имаат сиромашен речник. Но, вистината е дека луѓето кои никогаш не кажуваат прости зборови се оние чиј речник е сиромашен. Неколку академици од Америка решиле да направат интересен експеримент: Тие ги замолиле луѓето да се сетат на што е можно повеќе пцовки. Резултатите биле изненадувачки! Испитаниците кои се сетиле на најмногу, имале највисок коефициент на интелигенција од целата група. Ораторските способности на овие луѓе биле исто така на повисоко ниво за разлика од оние кои знаеле помалку прости зборови. Меѓутоа, интелигентните луѓе се способни да ги употребат вистинските зборови во зависност од ситуацијата и знаат кога да замолчат.

Си легнувате доцна и оставате хаос зад себе? Постои голема веројатност дека сте високо интелигентни!

Многу талентирани и интелигентни луѓе имаат навика да остануваат будни до доцна во ноќта

Експертите долго време ги проучувале талентираните луѓе и дошле до генерален заклучок дека ноќните птици имаат повисок коефициент на интелигенција. Доколку сакате да останувате будни до доцна на ноќта вие припаѓате во истото друштво заедно со Чарлс Дарвин, Винстон Черчил и Елвис Присли.

Несредениот дом и високата интелигенција одат рака под рака

Си легнувате доцна и оставате хаос зад себе? Постои голема веројатност дека сте високо интелигентни!

Работната маса на Алберт Ајнштајн

Едно истражување, спроведено на Универзитетот во Минесота, дошло до интересен заклучок: Хаосот на нечија работна маса е показател дека не се работи само за неуредна личност, туку дека мозокот на таа личност е фокусиран на работите што се навистина важни. Сигурно ќе се согласите дека кога немаме паметна работа, честопати почнуваме да извршуваме некои ситни, безначајни активности само за да бидеме зафатени. Исто така, психолозите се убедени дека хаотичната околина е одлична стимулација за креативноста, бидејќи им помага на луѓето да добијат нови идеи и да избегаат од границите на нивниот вообичаен начин на размислување.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар