Си го има истетовирано пола лице, но никогаш не би забележале
За жртвите на несреќи со горење, единствената полоша работа од самата повреда се лузните кои остануваат. Но, оваа неверојатна медицинска тату технологија им дава нова надеж на ваквите жртви.
Запознајте ја Самира Омар.
17-годишната девојка била жртва на ужасно насилство кога живеела во Велика Британија. Група девојчиња ѝ фрлиле зовриена вода, оставајќи ја многу лошо повредена, покриена со лузни и губење на бојата.
За да ги залечи емотивните лузни се вратила во Канада, но се плашела дека нејзините физички лузни ќе ѝ останат засекогаш. Тогаш ја запознала Басма Хамид.
Басма води тату продавница, ако може така да се нарече, но нејзината тату уметност не изгледа вака:
Изгледа вака:
Басма е парамедицински тату специјалист. Наместо да тетовира живи, колоритни дизајни, таа користи специјални пигменти кои одговараат на бојата на кожата со цел да ги прикрие лузните.
Со помош на Басма, пациентите како Самира можат да искусат драстично намалување во видливоста на нивните лузни и губењето на бојата, после само неколку третмани. Таа дури нуди бесплатни интервенции за пациенти кои не можат да си дозволат да платат за третмани. Тоа е така бидејќи Басма знае од прва рака дека нејзината работа може да им го промени животот на оние кои се соочуваат со болни лузни.
Басма, всушност самата била својот прв пациент. Таа на 2-годишна возраст настрадала во несреќа со врело масло во кујната, оставајќи ја со тешки лузни. Поминувајќи низ повеќе од 100 интервенции, на крајот нејзиниот пластичен хирург ѝ предложил да појде на одмор. Но, тоа не било крајот за нејзе, таа ја открила новата техника на прикривање на лузните со тетовирање и успешно ја применила на нејзиното лице. Потоа тоа го претворила во бизнис помагајќи и менувајќи им го животот на многу други луѓе.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.